Top

Костим за капење според обликот на телото

Сезоната на годишни одмори е во тек. Можеби повеќето од вас ќе го користат ланскиот костим за капење. Но, ако сеуште сте во потрага по модел на костим за капење, еве предлози како да одберете модел кој најдoбро ќе одговара на обликот на Вашето тело.



Тело со облик на крушка
Девојките кои имаат поголеми колкови и мали гради порано имале проблем во пронаоѓање на идеален костим за капење. Но, денес тоа е лесно, бидејќи долниот и горниот дел се продаваат одделно, односно со различна големина. За овој облик на тело одговараат ретро модели, подлабок долен ден и горен дел со push-up или појачани корпи.

Ситна градба на тело
На ситната структура на тело одговараат сите модели, особено класичните модели и дизјни на бикини. Горниот дел мали триаголници, а долниот ден бикини кои се врзуваат се совршен избор за ситни девојки. Во предвид доаѓа и едноделен костим за капење со длабоко деколте.

Тело со облик на песочен часовник
За овој облик на тело непогрешлива комбинација се: високо деколте, затворени триаголници и плиток долен дел или пак едноделен костим со високо деколте.

Спортска градба на телото
Широк струк, мали гради и рамна слабина се карактеристики на тело со спортска градба. На оваа градба на тело најмногу одговара еднобоен костим за капење (минималистички модел од сите бои). Горниот дел може да биде во облик на триаголник, а долниот ден со тесни странични ленти.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *