Top

Најновото од Ивана Кнез: DRAMA QUEEN – Royal Edition

Секојдневниот хедонизам на летниот период е најконкретниот опис на најновата колекција на Ивана Кнез. Drama Queen, royal edition се состои од модели во кои се синтетизираат барокот и рококо, возбудливи дезени на бои, раскошни бисерни парчиња, колачиња карактеристични за францускиот кралски двор и божурот кој го најавува летото.



Инспирирана од Мизантроп на Theatra, во соработка со Жарко Чулиќ како фотограф, Марина Ристеска како модел, шминка на Дарко Мишовски и изработката на колачи на Кристијан Милески, во студиото на Никола Спасеновски Drama Queen ни дава експлозија на гламур и ја доловува сензуалната баркона магија.

Колекцијата содржи три чанти, пет плик чанти и лимитирана едиција на накит. Достапна е во продавниците на Петек, ГТЦ.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *