Top

Боемски стил на облекување

Боемскиот стил циркулира во модниот свет доста често. Да не ги спомнуваме 60-тите и 70-тите, време кога овој изглед бил супер популарен.

Што е тоа што прави овој стил на облекување повторно да биде популарен во светот на модата и помегу ѕвездите?

Боем‘ терминот се однесува на нетрадиционален, неприлагоден начин на живот. Облеката, и облекувањето боемски значи изразување на вашата креативност и индивидуалност. Изгледот може да биде прилично неуреден со многу слоеви и додатоци. Обично се карактеризира со долги фустани, туники или здолништа во разни бои, големи кожни каиши, обетки.

Марк од Марк Џејкобс, Роберто Кавали, Јими Чу, Ана Сиу се само некои од имињата на дизајнери кои го внесуваат боем изгледот во оваа сезона.



Автор: Cecile

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *