Top

Две награди за “ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ” на фестивал во Тирана

ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ” на режисерот Владимир Блажевски освои две награди (најдобар филм и медија) на Филмскиот фестивал во Тирана, што се одржуваше од 5-ти до 10-ти декември.



Во образложението за наградата за најдобар филм жирито, меѓу другото, вели дека е посебен филм што не не остава рамнодушни, микросвет на чувства што ја опишуваат животната сила на една генерација. За медија наградата пак, жирито, посочува дека филмот има специфична тема за етничките тензии и национализмот.
“Многу добро поставени карактери и филмски јазик што ја восхитува публиката. Гротеската е порака на овој филм”.

ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ” победи на фестивалот во Карлови Вари во програмата “East of the West”, доби специјална награда на Прифест во Приштина, награда од филмската критика FEDEORA во Копер, награда за интеркултурен дијалог во Котбус, а актерот Јордан Симонов доби награда за најдобра машка улога и за најдобар актер на филмските фестиали во Црна Гора и во Косово.

Овој филм е македонски кандидат за оскар во категоријата филмови од неанглиско говорно подрачје, во која ќе се натпреварува со уште 62 филма од светот. Петте филма што ќе бидат во трка за престижната награда во оваа категорија ќе бидат познати на 24-ти јануари кога Американската филмска академија ќе ги соопшти номинациите за сите категории.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>