Top

“Секс, лаги и диви гуски” премиерно во МКЦ

Денес, 25.04.2012 година (среда), во 21 часот на сцената на МКЦ ќе се случи премиерата на театарската претстава “Секс, лаги и диви гуски” работена според текст на Вуди Ален.



Претставата “Секс, лаги и диви гуски” која се базира на истоимениот текст на Вуди Ален се занимава со проблемот на вистинитоста, потоењето на реалност, нејзината релативност и лажно постоење транспониран низ вистинското постоење или илузијата за постоење на ликовите во драмата.

Како и самиот текст, и претставата се базира на значењето на вистината во односите помеѓу луѓето и на тоа дека таа и слепата искреност не се ниту од далеку изворот на среќна заедница (без разлика дали станува збор за заеднаца помеѓу маж и жена, две сестри, браќа и сестри и тн.)

Со други зборови основната задача не претставата е искажување на вистината дека изговореното (неверство, навреда, откриена лага…) може да се избришат и заборават само во приказните и дека најголемиот дел од нештата кои имале какво и да било влијание на емотивната интелигенција (без разлика дали имале позитивно или негативно влијание, односно без разлика на тоа дали предизвикале среќа или тага) не може да се избришат на ниту еден начин и тие имаат и ќе имат трајно влијание на односот со лицето кое ни ги направило.

Конечно, вистинско простување за стореното не постои и веројатно е подобро тоа никогаш да не се изговори зашто ако се изговори тоа не може да биде избришано ниту во најчудите сништа.

Нина Николиќ

Режија: Нина Николиќ
Играат: Сабина Ајрула, Перо Арсовски, Благој Веселинов, Мартин Јорданоски, Дарја Ризова, Симона Спировска и Тина Трпкоска
Драматург: Драгана ЛуканНиколоски
Костимограф: Ивана Каранфиловска
Избор на музика: Александар Пејовски
Продуцент: Дејан Крајчевски

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>