Top

“Новиот албум” подарок од Слаткаристика за учениците со сите 5-ки

Училишната година заврши, учениците ги добиваат свидетелствата со оцени кои ќе покажат кој колку го заслужил овој летен распуст. Подарок за оние најзаслужните оваа година ќе има и од Слаткаристика кој на учениците од основно и средно образование кои поминале со сите петки (5.00) ќе им го подари својот нов албум, “Новиот албум“.



Доколку си скроз одличен ученик, тимот на Иноватива заедно со артистот ти го подарува “Новиот албум”. Сè што треба да направиш е да испратиш скениран документ или фотографија од твоето свидетелство на contact@inovativa.mk, и најбрзите 10 ќе го добијат на поклон “Новиот албум” од Слаткаристика.

Во електронската порака каде ќе ја прикачите фотографијата од свидетелство, потребно е да ги напишете и вашите лични податоци (Име и презиме, адреса на живеење и контакт број), насловена како “Со сите петки”.

Акцијата трае до 28.06.2012 (четврток), а добитниците ќе бидат објавени ден потоа, во петок, на ФБ фан страната на Слаткаристика, како и на неговата официјална Веб страна slatkaristika.mk.

Податоците на сите што ќе учествуваат, ќе бидат искористени само за потребите на оваа активност и истите ќе бидат заштитени согласно законот за приватност.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




2 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>