Top

Помогни од срце: Голем хуманитарен концерт за ИСКРА ДОНЕВА

Во рамките на хуманитарната акција за младата поетеса Искра Донева, Аква Парк Македонија презеде иницијатива да организира хуманитарен концерт кој ќе се одржи на 17.09.2011 година (сабота) со почеток од 17 часот. На овој голем концерт свој придонес ќе дадат: Александар Тарабунов, Дарко Илиевски, Скит Скитара, Александар Белов, Eye Cue, Мики Секуловски, Петар Маркоски, Магдалена Цветковка и многу други.
Цената на билетите изнесува симболични 200 денари, а со влезницата можете да ги користите сите забавни содржини кои ги нуди паркот.

Воедно, денес (12-ти септември) Клуб Матица во своите простории ќе постави специјален штанд на кој ќе се продаваат делата на Искра. Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на Искра.

Нашата млада поетеса Искра Донева, која боледува од церебрална парализа, има еден сон: да прооди.

Да бидеме хумани и да и помогнеме во остварувањето на сонот!!


Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *