Top

Помогнете од срце: Вратете ја насмевката на ова детско лице

Дарија Калиновска е родена на 25-ти декември 2008-ма година и веќе две години боледува од епилепсија. Таа секојдневно има напади од кои не може нормално да се движи, ниту пак да спие. Последнава година нападите се влошуваат од ден на ден. Дарија е резистентна на терапиите, а причината сеуште не е позната. Поради тоа семејството сака да ги направи сите испитувања кои за жал во Македонија ги нема.
Во изминатиов период Дарија беше на испитувања во Рим во болницата Bambino Gesù. Нападите сеуште се резистентни на терапија, а конкретната причина за нив сеуште не е позната. Испитувањата во Рим не ја дадоа причината за болеста (Encephalopatia epileptica) и затоа, Дарија во февруари треба да замине во Париз во детската болница Necker кај еден од најдобрите детски невролози Olivier Dulac, со надеж дека таму ќе ја добие потребната помош.



Изминатите две години семејството се исцрпи по многубројните прегледи во Македонија и странство па затоа им е потребна хуманитарна помош.

Телефонски број за донации: 070/143-122 (Т-Mobile); 077/143-143 (VIP).
Број на жиро сметка: 210 – 5016472508 – 48 (НЛБ Тутунка)
Име: Дарија Калиновска

Станете наш facebook фан.




3 Коментари

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *