Top

ЕДУКАЦИЈА + НАГРАДНА ИГРА: Што претставува солената соба?

Солената соба денес претставува современа (модерна) имитација на природната солена пештера со своја микроклима. Солената соба зрачи со негативни јони кои позитивно се врзуваат за човечкото тело. Негативните јони имаат позитивно влијание на човечкиот организам и ја подобруваат психо – физичката и менталната состојба на човекот.



Во природата најмногу негативни јони има рано наутро покрај море, извори, водопади и секогаш кога има грмотевици. Секој што ќе се најде на вакви места ќе се почуствува лесно, освежен, релаксиран, енергичен, а ќе може полесно и мирно да спие.Солената соба овозможува солена терапија. Заедно со хромотерапијата ( терапија со спектар на бои од светла ) и музико терапијата овозможуваат да се почуствувате одморени и релаксирани по напорниот и исцрпувачки ден. Посетете ја Солената соба! Потребно е да ја посетите, да ја видите, да ги почуствувате благодетите од неа и да се уверите колку е полезна за Вашето здравје.

Халотерапија – Солена терапија е нова гранка на спелеотерапијата и е потполно природна, клинички испитана и потврдена метода како делотворна, го зајакнува организмот и ги прочистува дишните патишта. Помага при алергии, го редуцира долготрајното користење на лекови, инхалаторите кај болните од астма, ги олеснува тегобите кај хроничниот замор, исцрпеност, стрес и несоница .

Важно е да се знае – Халотерапијата е 100% природен третман без медикаменти и несакани ефекти.Халогенераторот е направа за мелење на сол кој ја меле до 0,5 микрони и микрочестичките ги распрснува во воздухот. Тие микрочестички со самото дишење длабоко навлегуваат во дишните патишта и го отстрануваат целиот наталожен секрет, ја навлажнува слузницата со што се зголемува нивото на кислород во крвта. Сувиот натриум хлорид аеросол го заситува воздухот и го прави солен со што Солената соба добива посебен амбиент.Аеросолта во солените соби е заситена со различни честички кои содржат повеќе разновидни хемиски елементи. Секој од тие елементи на свој начин позитивно влијае на подобрување на здравјето на лицето кое престојува во Солената соба.

Нашите пријатели од Солена Соба – Аеродром доделуваат релаксирачка терапија за Вас и Вашиот партнер.

На нашиот facebook fanpage поставете фотографија со есенски мотив, повикајте ги вашите пријатели да кликнат лајк и да ве поддржат. Имателот на фотографијата со најголем број лајкови ја добива наградата од Солена Соба – Аеродром.

Наградната игра трае 7 дена. Започнува на 12.10.2011 година во 21:00 часот, а завршува на 19.10.2011 година во 21:00 часот.

Вдишете длабоко!!

На Ваше барање, летниот попуст од 50% за третманите во Солена соба – Аеродром продолжува и понатаму.
Сега цената за еден третман изнесува 325 денари (за возрасни), 175 денари (за деца), 250 денари (за студенти) и 200 денари (за пензионери).
Солена Соба – Аеродром Ви нуди и годишни карти со неограничен број посети, како и специјални попусти за фирми.

Информирајте се на телефон: 02/ 2466 – 660 или 078/ 466 -660.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *