Top

ХОРОСКОП (18.10 – 24.10.10)

ОВЕН (21.03 – 20.04): Во следниот период ќе функционирате под влијание на значајни вести. Ќе бидат добри, или лоши во зависност од заслугите. Доброто со добро се враќа и обратно.

Работа: Во моментот не сте ориентирани кон работа. Свртени сте кон други работи, далеку поубави, така што работата ви стои. Не грижете се, ќе се вратите во форма.
Здравје: Слабото помнење не би требало да ве загрижува. Едноставно сте отсутни и не слушате што ви се зборува. Не претерувајте со јадење и пиење.
Љубов: Врската во која сте моментално е навистина сјајна. Уште ако успеете да ја сочувате… Партнерот очекува подарок, па ќе можете повторно да го фасцинирате.
Совет: Спортувањето ќе ви помогне да се ослободите од вишокот калории кои ги внесувате во организмот. Обидете се да се однесувате рационално кон парите.

БИК (21.04-20.05): Конфликтната ситуација бара да преземете ризик и да го изберете вистинскиот, но и единствен можен пат. Дискутабилно е колку сте во состојба да го направите тоа.

Работа: Не сте свесни колку имате среќа. Со поддршка на влијателни личности ќе ги остварите плановите кои ги имате. Бидејќи судбината ги вплетка прстите, тоа беше и очекувано.
Здравје: Можни се проблеми со срцето кои се последица на дисфункцијата на останатите органи. Доколку забележите проблеми не чекајте и тргнете во акција. Нервоза!
Љубов: Овие денови ви годат Лавови. Ако некој припадник на овој знак ви се закачи околу врат, прифатете го предизвикот. Секогашниот партнер не мора да знае баш сè. Авантура.
Совет: Итно направете планови и организирајте го времето. Само така ќе можете да остварите максимум и да го отстраните сомнежот од себе.

БЛИЗНАЦИ (21.05-20.06): Доколку ја научивте животната лекција и сфативте дека и доброто и лошото се повторува од време на време – ќе ви биде сјајно. Во спротивно ќе удирате со глава во ѕид. Треба да се вразумите.

Работа: Благодарение на некоја влијателна личност, ќе ви се појават нови работни можности, кои подразбираат и подобрена финансиска состојба. Немојте да се нервирате без потреба.
Здравје: Психичките проблеми се последица на незадоволството од раното детство и односите со родителите, најверојатно со татко ви. Неспособни сте да ги контролирате постапките.
Љубов: Имате доволно енергија која ви носи виталност на сите полиња, па и на љубовното. Можеби Овен успева да ги разбуди вашите заспани страсти?
Совет: Не избрзувајте со одлуките. Немојте да бидете тврдоглави и незрели. Станете посериозни бидејќи во спротивно ќе се скарате со сите.

РАК (21.06-20.07): Од вас се очекува максимално да ги контролирате сопствените постапки затоа што околината ќе се обиде на секој можен начин да ве исфрли од рамнотежа. Вие ќе победите.

Работа: Работата со која што се занимавате во моментот ќе ви тргне од рака. Ќе има и материјални резултати. Наредните денови се одлични за учење и читање психолошки теми.
Здравје: Добро се чувствувате, што не значи дека треба да се опуштите и да го запоставите здравјето. Исхрана, спорт, витамини обрнете внимание на сè.
Љубов: Идеална комбинација се Бикови и Ваги. Иако се обидувате да побегнете од Вагите, не значи дека нема да ве стигнат. Ве очекува бурен сексуален живот.
Совет: Бидејќи на одредени прашања не наоѓате одговор, не обидувајте се да се оптоварувате со нив. Сè ќе си дојде на свое место. Наскоро и ситуацијата ќе ви биде појасна.

ЛАВ (21.07-21.08): Си зададовте повеќе обврски отколку што сте во состојба да исполните, па очекувајте бројни критики. Кој си бара, ќе си го добие.

Работа: Малку време, а работа преку глава. Исцрпени сте и недоволно мотивирани, па ги занемарувате личните потреби. Проблеми.
Здравје: Омалаксаноста е последица на ослабениот имунитет. Доколку осетите болки во пределот на горниот дел од грбот, во прашање се црниот дроб и жолчното кесе.
Љубов: Кон партнерот се однесувате тирански. Стрелец е личноста со која се изживувате, така што само Девица може да ве разбере. И Јарец доаѓа во предвид.
Совет: Вака веќе не може. Мора да се соочите со проблемот и да се обидете да го елиминирате. Избегнувајте употреба на сила.

ДЕВИЦА (22.08-22.09): Функционирате во идеалистички манири. Уште ако успеете да не се разочарате – ќе биде одлично. Задоволете се со сопствената предност во извесната ситуација.

Работа: Ве очекува јавен настап, особено ако се занимавате со креативна работа. Финансиската ситуација се подобрува.
Здравје: Се наоѓате во релативно добра форма. Ако ви успее оброците да ги сведете на разумна мерка, нема да има непредвидливи настани на здравствен план.
Љубов: Со партнерот сте комплетно задоволни. Немате намера да го менувате. Најмногу ви одговараат Лавови и Стрелци. Огнените знаци ве греат околу срцето.
Совет: Живејте во благодетите на животот. Поволните планетарни аспекти порачуваат да се опуштите и да не се оптоварувате со секундарни работи. Среќно!

ВАГА (23.09 – 22.10): Функционирате во склад со околината, семејството и пријателите. Тие ви помагаат да се чувствувате добро и уживате во секој момент.

Работа: Напредокот е неизбежен. Постои можност некои работи да ги извршувате од дома и на тој начин да го поправите буџетот. Сепак, приходите и понатаму се помали од расходите.
Здравје: Постои можност од несакана бременост, па затоа користете превентивни мерки. Со зголемениот апетит може да се изборите и на друг начин. Вежбајте.
Љубов: Кон партнерот се однесувате заштитнички. Сте ги измешале лончињата – вие не те му родител! Можеби преголемата грижа му пречи. И покрај сè – со среќа!
Совет: Поради вашата непромисленост може да се најдете во неволја. Добро размислете пред да се впуштите во нешто. Недозволените работи се како кашлица, не може да се сокријат.

СКОРПИЈА (23.10 – 22.11): Уживате во убавите нешта: љубов, среќа и хармонија на сите страни. Се обидувате да направите идила, што не е пожелно.

Работа: Задоволни сте не само со работата, туку и со парите кои ги добивате. Кога подобро ќе размислите, мотивирани сте за работата, па затоа и уште повеќе ја сакате. И така, сè се врти во круг.
Здравје: Среќни сте и задоволни, а со самото тоа и здрави. Единствена опасност се инертноста и мрзеливоста. Пожелна е физичка активност од типот на спорт и рекреација.
Љубов: На седенка се запознавате со шармантен Рак. Кога ќе се здружат два водени знаци знаете ли што може да се случи? Поплава од емоции. Сè е кратко, но слатко.
Совет: Не купувајте работи кои не ви се неопходни. Мора да бидете рационални кога се парите во прашање. Ова се однесува пред сè на женската популација. Машките Скорпии се вистински стипси.

СТРЕЛЕЦ (23.11 – 20.12): Доколку успеете да бидете мудри – помалку да зборувате, а повеќе да работите на остварувањето на зададените цели, шансите за успех би биле поголеми.

Работа: Ви годи работата во самотија. Благодарение на начитаноста ги завршувате работите на задоволителен начин. Уште кога би имало повеќе пари?
Здравје: Стравовите ве блокираат, а за тоа не сте ни свесни. Незадоволни сте, па тоа го кочи остварувањето на целите. Престој во природа е идеално решение.
Љубов: Намуртени сте и асоцијални, а тоа на партнерот никако не му одговара. Ви купува подароци, прави сè за да ви изнуди насмевка, но слабо му оди. Претерувате!
Совет: Реалноста не треба да ве плаши, треба да започнете отворена борба со неа. Немате што да загубите затоа што имате многу предности во однос на другите.

ЈАРЕЦ (21.12-19.01): Околината интензивно ве повредува. Ова е причина за вашиот негативен став во последните денови. Доколку успеете да се дистанцирате, постои шанса да го намалите незадоволството.

Работа: Материјалната загуба негативно влијае на мотивацијата. Се чувствувате дека сите ве изневериле, особено соработниците. Секогаш некој друг е виновен.
Здравје: Можни се воспаленија од широк спектар. Проблемите со гениталните органи и мочните канали се последица на неизлечените настинки.
Љубов: Донесувате одлука да ја прекинете романсата. Ниту шармантниот Лав не може да ве фасцинира. Виновник за сето ова е вашиот негативен став.
Совет: Од каде толкава горчина? Зошто мислите дека сè ви се враќа полошо отколку што сте заслужиле? Ви се случува токму она што треба да ви се случи.

ВОДОЛИЈА (20.01 – 18.02): Благодарение на големата количина оптимизам и душевна сила, ќе постигнете чуда. Потпрете се на интуицијата, таа ви кажува во која насока треба да тргнете.

Работа: Сите работи ги правите со љубов. Максимално се предавате на работите кои го задржуваат вашето внимание, што нема да остане незабележано. Имате време и за хоби.
Здравје: Пречувствителноста е чисто од субјективна природа. Расправиите со пријателите без видливо оправдување можат да ве доведат до психичко незадоволство.
Љубов: На љубовен план ве очекуваат изненадување и слатка неизвесност. Заљубени сте. Влетувате во љубовна авантура само како што вие умеете. Сите знаци доаѓаат во предвид.
Совет: Искористете ја моменталната енергија и оптимизам за да се изборите со главниот непријател – пречувствителноста. Бирајте го друштвото, па и расположението ќе ви биде подобро.

РИБИ (19.02-20.03): Хармонични сте кон себе, па и кон другите. Ако мислите дека хороскопот греши, знајте дека припаѓате на знак кој што свртен исклучиво кон материјалното.

Работа: Влеговте во период одличен за полагање испити, службени патувања и креативни проекти. Планетите ве поддржуваат во моментот.

Здравје: Со разумни движења ги избегнувате повредите. Доколку престанете да го вртите филмот наназад, ќе бидете психички посмирени, па со тоа и поздрави.
Љубов: Го занемарувате овој сегмент од животот затоа што други работи ви го одвлекуваат вниманието. Кариерата ви е на прво место, а љубовта може да почека. Ве интригира една Водолија.
Совет: Хармонијата со себе и со другите може да ја постигнете користејќи разни техники на медитација. Уште ако сте галантни и подготвени да опростите, би било одлично.


Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *