Top

ХОРОСКОП (11.10 – 17.10.10)

ОВЕН (21.03 – 20.04): Полни сте со желба и силна да се изборите за место во општеството на кое му припаѓате. Доколку не излезете на крај со толкавата количина на енергија, ќе имате неволји.

Работа: Работите со кои што се занимавате навистина се ситни. Вие имате потенцијал за нешто повеќе, но сè уште не сте добиле понуда. Поволните планетарни аспекти ќе делуваат да ја добиете.
Здравје:
Бидејќи се колебате помеѓу вашите принципи и желби до нешто да дојдете по секоја цена, лесно можете да се разболите. Проблеми со синусите и главоболки се од психосоматски карактер.
Љубов:
Потребата да најдете идеален партнер за сега може да не се реализира. Нема ни во иднина да се реализира доколку не смените некои ставови. За почеток бидете погалантни.
Совет:
Со силата на волјата ќе постигнете апсолутно сè. Се поставува само прашање дали сето тоа вреди. Можеби сепак би требало да бидете поскромни со желбите.

БИК (21.04-20.05):  Во сè што ви се случува замешана е кармата. На многуте случувања и не можете да делувате. Тие се од широк спектар, но носат и голема среќа.

Работа: Работите нешто од што многу очекувате. Не откажувајте се, бидете упорни. Тоа ќе ви се исплати. Застоите се минато.
Здравје:
Болките во нозете се само последица од носење не соодветни обувки, рамни стапала, или проширени вени. Можеби имате од сè по малку.
Љубов:
Премногу се отворивте кон партнерот. Секој пат мора да постои малку мистерија и неизвесност доколку сакате да го врзете за себе. Не е пожелно тој да знае баш сè.
Совет:
Избегнувајте горделиво однесување и откривање на тајни адути од деловна природа. Конкуренцијата е немилосрдна, па може да го забави вашето напредување.

БЛИЗНАЦИ (21.05-20.06): Имате премногу обврски, така што за себе не можете многу да размислувате, што резултира со недоволно разбирање на желбите на партнерот.

Работа: Многуте обврски бараат расчистување. Дури сега можете да ги совладате сите препреки.
Здравје:
Апатијата и несоницата бараат сериозен третман. Не се правдајте дека немате време. Доколку нешто не преземете, можат да ве загрозат проблеми од психичка природа.
Љубов:
Преосетливи сте и саможиви, а за тоа не сте ни свесни. Поради тоа, од време на време бегате во самотија и избегнувате отворен разговор. Од што се плашите?
Совет:
Колебливоста е последица на емотивна нестабилност. Партнерот ја уништува вашата самодоверба и се обидува да се исфрли од такт. Контролирајте ги постапките.

РАК (21.06-20.07): Постигнавте внатрешен мир. Интуицијата многу ви помага добро да функционирате. И мудроста е во игра, па ретко кој може да ве насамари.

Работа: Работите ги извршувате со леснотија. Со соработниците фантастично функционирате, бидејќи ги поставивте на вистинско место. Доволно имаше грешки во доменот на работата.
Здравје:
Постојат ризици поврзани со здравјето. Се работи за болести од хронична природа. Доколку водите сметка за превенцијата, нема да имате проблеми.
Љубов:
Доколку не ви се оствари врската за која мечтаете, ќе се послужите со некоја алтернатива. Ќе бидете задоволни со нешто што во моментот е актуелно. Една Водолија ве шармира.
Совет:
Не враќајте се на конфликтите од минатото. Разберете дека вашата доверба сте им ја дале на погрешни луѓе. Не треба да се фрлаат бисери пред свињи.

ЛАВ (21.07-21.08): Применувајте интроспекција во желбата да се запознаете подобро себе си. Никогаш не е доцна за тоа, но мислите дека требаше порано да стекнете увид во сопствените постапки.

Работа: На работа ви годи индивидуалноста. Овие денови не се препорачува тимска работа, бидејќи го гуши вашето его, кое по секоја цена мора да се рани со резултати.
Здравје:
Се појавуваат проблеми кои до сега не сте ги имале. Болките во пределот на `рбетот се само рефлексни. Проверете ги бубрезите.
Љубов:
Врската можете да ја спасите само со дипломатија и тактичност. Доколку терате правда по секоја цена, шансата да останете заедно со вашиот партнер е минимална. Па – бирајте!
Совет:
Побарајте совет од пријатели во извесна ситуација која сами не можете да ја решите. Проблемот е до таа мера драстичен, што бара брза акција.

ДЕВИЦА (22.08-22.09): Здружете се со пријателите со цел убаво да си поминете. Сфативте дека работата која до сега ве правеше нервозни не е главната работа во животот.

Работа: Работите извршувајте ги рутински. Резултатите се неизбежни. Приватните случувања ви до одвлекуваат вниманието, па постои опасност од пропуштени шанси и лошо донесени заклучоци.
Здравје:
Доколку повеќе време поминувате во природа и физички сте активни, а помалку на полна трпеза – ќе бидете здрави. Како што гледате, исклучиво сè зависи од вас.
Љубов:
Со партнерот сте во феноменални односи. Стрелецот е личност која најмногу и одговара на вашата променлива природа. И вие му одговарате нему, бидејќи сте вредни.
Совет:
Само ако добро го разработите планот, и бидете тактични ќе имате шанси да ја обедините работата, љубовта и пријателството, со еден збор – сè. Во спротивно…

ВАГА (23.09 – 22.10): Олицетворение сте на волја и упорност. Нешто што си зададовте како задача овие денови – ќе го спроведете во дело. Ништо не може да ве поколеба.

Работа: Брзо ги работите само оние работи кои ги сакате. Сè останато оставате. Во извесни ситуации делувате непромислено. Удирајќи со главата во ѕид, можете да го искршите.
Здравје:
Подложни сте на вирусни заболувања, па преземете превентивни мерки. Избегнувајте ситуации кои можат да доведат до болести. Работете на зајакнување на имунитетот.
Љубов:
Постои склоност кон авантури, а и планетите во тоа ве поддржуваат. Избегнувајте флертови на работно место, бидејќи озборувањата брзо кружат. Ништо нема да ве спаси.
Совет:
Не брзајте со носење одлуки и не реагирајте пред добро да размислите. Емотивноста и необмисленоста можат да бидат фатални.

СКОРПИЈА (23.10 – 22.11): Пред вас се исклучително пријатни моменти. Повиците на забава и провод, но и враќањето во домот ќе ве одморат од мноштво оптеретувачки деловни обврски.

Работа: Ги завршувате работите кои бараа максимално ангажирање. Добивката и признанието претставуваат најнормален редослед на случувањата во делот на работата.
Здравје:
Импулсивните реакции доведуваат до нервози и повреди. Бидете внимателни. Бидејќи плодноста е зголемена, имајте го тоа во предвид.
Љубов:
Со партнерот морате да се смирите, па затоа настојувајте врската да ја зацврстите преку компромиси. Не може секој пат да биде онака како што вие сте замислиле.
Совет:
Во состојбата во која се наоѓате треба да бидете тактични и да примените дипломатија. Упорноста не значи и тврдоглавост. Проценете ги сите аргументи за и против.

СТРЕЛЕЦ (23.11 – 20.12): Планирате идни случувања. Фантазијата е интензивна во голема мера. Далечните краеви за сега се недостижни, но затоа прошетка е реалност.

Работа: Не се помирувате. Постојано измислувате нови работи, бидејќи се укажува шанса за профит. Опасноста може да биде трошењето на релативните скромни залихи енергија.
Здравје:
Претерана активност ви пречи. Ако се однесувате неконтролирано може да завршите со потешки последици во кревет.
Љубов:
Брак, проширување на семејството, хармонични односи со партнерот – се чини дека станувате свесни за значењето на домашното огниште. Малку задоцнивте, но што да се прави.
Совет:
Спортувајте, шетајте во природа. Дружете се со пријателите – овие денови се вистински мелем на раната. Извадете го велосипедот од подрум или вежбајте.

ЈАРЕЦ (21.12-19.01): Ве очекуваат возбудливи моменти.  И партнерот нуди поволни можности. Колку и како ќе ги искористите зависи од вас.

Работа: Работата ви е во втор план. Свртени сте кон попаметни работи, што не значи дека овој сегмент трпи. Само го одложувате за поповолно време. Паметно!
Здравје:
Пречувствителноста е една од вашите недостатоци. Таа може да ви го искомплицира животот до таа мера па дури и да се разболите. Психосоматски болести на повидок.
Љубов:
Е,  овде сте во елемент. Или имате нова врска, или интензивно работите на случајот. Љубовни авантури на повидок.
Совет:
Послушајте го гласот на интуицијата и однесувајте се согласно со него, нема да ве излаже. Морате повеќе да верувате во себе и сопствените квалитети.

ВОДОЛИЈА (20.01 – 18.02): Давате поддршка на пријателите. Немојте да си дозволувате неочекувани реакции. Бидете подготвени на изненадувања.

Работа: Се потпирате на сопствените сили. Сфативте дека од околината нема што да барате, така што функционирате само во свој свет.
Здравје:
Главоболката може да ви пречи, но таа е последица на променливиот атмосферски притисок. Тутунот и алкохолот предизвикуваат вакви болки.
Љубов:
Овните се идеална комбинација оваа недела. Не се знае колку ќе трае таа врска, но нема да ви пречи да уживате во страстите и нивното заштитничко однесување.
Совет:
Ако се најдете во конфликтна ситуација, немојте да бидете насилни. Со сила убавина не бидува.

РИБИ (19.02-20.03): Влегувате во сосема нов период, кој бара преминување на разните ограничувања. Ќе бидат успешни само оние припадници на знакот кои на време преземале нешто.

Работа: Се плашите да ја промените работата, а не сте задоволни со моменталната. Ни од далеку не успеавте да ги пласирате сопствените потенцијали. Рутината ве убива.
Здравје:
Премногу излегување и забава може негативно да влијае на вашето здравје. Заморот ќе ве совлада. Не претерувајте. Сексот е вистински лек.
Љубов:
Со партнерот се обидувате да најдете заеднички јазик, но тешко ви оди. Врската е во криза, па само ако сте подготвени да попуштите ќе останете заедно.
Совет:
Сакате или не, го менувате начинот на живот. За тоа ви е потребна храброст – а, ја немате. Не ви е лесно, но, за жал, ќе поминувате низ кризни ситуации.

Пред вас се исклучително пријатни моменти. Повиците на забава и провод, но и враќањето во домот ќе ве одморат од мноштво оптеретувачки деловни обврски.

Работа: Ги завршувате работите кои бараа максимално ангажирање. Добивката и признанието претставуваат најнормален редослед на случувањата во делот на работата.

Здравје: Импулсивните реакции доведуваат до нервози и повреди. Бидете внимателни. Бидејќи плодноста е зголемена, имајте го тоа во предвид.

Љубов: Со партнерот морате да се смирите, па затоа настојувајте врската да ја зацврстите преку компромиси. Не може секој пат да биде онака како што вие сте замислиле.

Совет: Во состојбата во која се наоѓате треба да бидете тактични и да примените дипломатија. Упорноста не значи и тврдоглавост. Проценете ги сите аргументи за и против.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *