Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 31.05.2011 (вторник)

Овен
Минете го утрото извршувајќи ги работите што се насобраа во текот на неделата. Веќе во попладневните часови ќе можете да го доживеете викендот во вистинска смисла на зборот. Тоа е време во кое ќе се занимавате со својата фантазија…

Бик
Несигурни сте, а, сепак, сите аргументи ви одат во прилог. Чувствувате социјална несигурност и страв што немаат реални основи и се производ на вашите лични проекции. Нека не ве изненадуваат случувањата врзани за домот и за семејството. Не претерувајте ни со изливот на емоции, тие можат да донесат стомачни болки.

Близнаци
Опкружете се со добро друштво. Тоа нека бидат ваши пријатели, но истовремено поканете и некој потенцијален партнер. Ѕвездите ви се наклонети, па ќе светнете во целиот свој сјај, притоа подготвувајќи го теренот за идните проекти.

Рак
Викендов ќе мине во знак на новите идеи. Ќе ја развеселите својата околина со интересни планови и идеи за луда забава и неверојатни авантури. Ако успеете да ги спроведете во дело, секоја чест. Ќе се сеќавате на овој викенд уште долго.

Лав
Вашиот прилично тврдоглав животен партнер бара нежен разговор. Разговарајте. Знаете каков е и како треба со него, а ако го искористите тоа знаење – повеќекратно ќе ви се исплати. Посветете му го викендот и поминете возбудливи моменти.

Девица
Чувствувате како огромниот куп работи ве притиснуваат до таа мера што не можете повеќе да дишете. Не е тоа толку страшно. Не ги преценивте сопствените можности, туку едноставно ви се собраа куп обврски. Застанете за момент и искористете го викендов за полнење на батериите.

Терезија
Минете го викендот дома. Завршете ги сите заостанати работи, избришете ја правта, испеглајте ги заостанатите кошули, расчистете ги масите… Вечерните часови минете ги во пријатно друштво со кое незадолжително ќе си муабетите.

Скорпија
Скорпии, не излегувајте од кревет, посебно ако во него имате пријатно друштво. Дозволете си излежување и уживање во мирниот почеток на викендот. Олабавете се, исклучете ги телефоните, појадувајте в кревет, бидете романтични…

Стрелец
Конечно, можете да здивнете. Уживајте во убавиот викенд, прошетајте во природа и покажете му на светот колку сте прекрасни. Медитирајте малку, олабавете ги згрчените мускули и соберете сила за наредната работна недела.

Јарец
Иако е викенд, единствено нешто што ви е на ум е кариерата. Ќе смислувате нови начини за напредок, на памет ќе ви паѓаат разни идеи, па понеделникот ќе го дочекате поподготвено од кога било. Ништо трагично ако викендов останете дома.

Водолија
Не ви е лесно. Додека другите планираат каде да го минат викендот, вие вредно работите и тоа дома. Веројатно ќе мора да го минете целиот викенд во работа. Компензирајте со тоа што ќе си ги направите условите за работа – што попријатни.

Риби
Викендот е пред вас и, дефинитивно, е време за игри. Земете ги топката, децата, внуците, облечете се топло и излезете во природа. Полни сте со енергија и неопходна ви се смеа и забава. Само внимавајте да не почнете да се изживувате врз послабите од себе!

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *