Top

Хороскоп за 31.01.2012 (вторник)

Овен
Околностите ги сфаќате на вистински начин и во согласност со нив се однесувате. Ќе бидете во можност да донесувате правилни одлуки. Склоноста кон повреди е нагласена, па затоа бидете внимателни.

Бик
Биковите, овој ден ќе се соочат со деловни соработки, кои ќе им овозможат уште подобри резултати. Уметничката црта на карактерот е нагласена, па не испуштајте ништо. Прифатете примамлив предлог од еден Лав.

Близнаци
Чувствувате внатрешна напнатост, се нервирате и сите работи ги извршувате хаотично. Тоа може да биде опасно, особено ако сте возач, бидејќи повредите од невнимание се можни. Зголемете ја дозата на внимателност.

Рак
Оние Ракови кои се уметнички ориентирани ги очекува успешен и креативен ден. Некој Лав ќе ви понуди интересен предлог, кој не би било лошо да го земете предвид. Вие сте практични во овој момент, а Лавот уште повеќе. И двајцата ќе профитирате.

Лав
Ако се помирите со фактот дека ве чека напорен ден, ќе ви биде лесно, па сторете го тоа порано. Работата е нешто што морате да го прифатите. Љубовта, уживањата и другите убави работи одложете ги за некој друг поволен момент.

Девица
Од една страна се желбите, додека пак стварноста диктира друго темпо. Љубовта и потребата за нежност ве прават чувствителни, а здравствената ситуација предупредува дека можете да имате посериозни проблеми. Не соработувајте со Овни и со Водолии.

Терезија
Денот е како создаден за изведување уметнички дела и уживање во нив. Бидејќи се наоѓате во некоја емотивна заблуда, искористете го бранот на инспирација во креативни цели. Не ги занемарувајте сигналите кои ви ги испраќа вашиот организам.

Скорпија
Амбициозни сте. Се фаќате во костец со проблемите, мудрувате над сопствената судбина и се однесувате во стилот кој одговара на припадниците на овој знак. Во тоа особено ќе ви помогне еден Јарец. Примете ја подадената рака.

Стрелец
На сите страни проблеми. Кавгите со партнерот станаа секојдневна појава, а и здравствените проблеми дополнително ги отежнуваат работите. Се прашувте до кога ќе можете да го издржите ваквото темпо? Тешете се – уште само ден, два.

Јарец
Напорен ден, и тоа на сите полиња. Ќе издржите, бидејќи ситниците нема да ве вадат од кожа. Доколку планирате нови почетоци, застанете. Размислете дали сега е вистинскиот момент за преземање конкретни работи.

Водолија
Ако работите тргнат наопаку токму тогаш кога најмалку се надевате, немојте да паничите, бидејќи стравот може само да ве блокира и да ви попречи во замислените цели. Бидете трпеливи и почекајте негативниот период да помине.

Риби
Готвите, месите, чистите. Иако сите мислат дека тоа го правите со задоволство, тоа кај вас е само потреба и чувство на должност. Наскоро ве очекуваат посреќни проекти на емотивен план. Внимавајте на здравствената состојба.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




1 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *