Овен
Убавиот период продолжува. Посебно ве радува богатиот емотивен живот. Што е многу, многу е дури и за вас. Прашајте се дали можеби претерувате со изливите на нежност и отвореност кон саканата личност. Веќе утре поради тоа може да паднете во немилост. Разум или чувствителност, најдобро златна средина.
Бик
Идеален ден за се што има врска со партнерство и здружување. Успехот ќе дојде во сферата на трговијата. Доколку забележите дека во средината во која се движите односите се пореметени, потрудете се да не бидете баш вие таа личност која ќе ги исправите.
Близнаци
Работење со различни спортови и работи ќе ви помогне фантастично да се чувствувате. И понатаму сте во фаза на емотивно задоволство, но имате и преголеми очекувања. Колку сте вие спремни да се жртвувате? Окупирани сте исклучиво со себе и со сопствените барања.
Рак
Разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите, коректно се однесувате. Работата бара систематичност, па со леснотија ќе ги извршивте задачите. За одлично расположение и здрави резони благодарете му на партнерот и на пријателите, тие ве поддржуваат.
Лав
Многу Лавови ќе бидат поврзани со јавниот живот. Иако постигнувате успех, тремата и внатрешната напнатост се неминовна цена за постигнатото. Доколку се јават емотивни проблеми и конфликти, најдете поволен момент за расчистување. Задоволство најдете во спортот.
Девица
Се’ е во знакот на успешни деловни соработки и прекрасни контакти. Ја имате поддршката на Близнакот, кој единствено во ваше друштво не е „незгоден“. Со некого се допишувате и планирате идни случувања. Бидејќи се’ уште имате нерешени проблеми, почекајте пред да ја донесете конечната одлука.
Терезија
Вложувате напор за да ја постигнете саканата цел. Избегнувајте возбудувања и насилство од страна. Проблемот на денот е мрзливост,која ви ја отежнува реализацијата на важни проекти. Се советува до средината на април да не вложувате пари.
Скорпија
Зголемената енергија е комбинирана со осетливи реакции, па лесно ќе бидете во ситуација да заплачете. Се советува да не ја губите главата и да паничите, туку да ги согледате своите позиции. Опасноста од повреди исто така постои.
Стрелец
Можни се проблеми во комуникација со соработниците и ќе бидат предизвикани од вашата нервоза и oсетливост. Доколку не сакате да добивате шеги на своја сметка, не им го правете тоа на другите. Ќе ви се понуди можност да патувате, на одмор или некако деловно патување.
Јарец
Премногу сте осетливи, постои можност од грешки. Се држите во себе, можете да си го загрозите здравјето. Не се вртете кон околината. Таа не е вредна за вашето внимание, свртете се кон работите кои ви причинуваат задоволство. Само така ќе ја поминете кризата на дејност
Водолија
Нека не ве зачудат необичните љубовни афери. Осетливи сте на ударите од страна, а прилично неспособни да го увидите својот степен на одговорноста. Не ги кривете другите за сопствените неуспеси. Најлесно е да се префрли одговорноста врз други, ама со тоа нема ништо да постигнете.
Риби
Избравте вистински момент да се активирате. Никогаш не е касно, но по правило донесувате вистински одлуки во погрешно време. И покрај се, ќе бидете задоволни. Наредниот период е одличен за средување на љубовниот живот во смисол на бегство од пропадната врска или смирување со партнеровите мани.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!