Овен
Вашиот темперамент стапува на сцена. Не чудете се ако се чувствувате како жртва на насилство. За таквото однесување сте самите криви. Успехот несомнено ќе го постигнете, но не со леснотија како што мислевте. Избегнувајте насилни луѓе.
Бик
Ќе ви годи романтичната атмосфера и спонтаност. Чувствувате потреба да се олабавите и да живеете, а притоа никој да не ве набљудува критички. Настојувајте да си дозволите друштво во кое ќе се чувствувате пријатно. Храната и пијалакот сигурно ќе ве олабават.
Близнаци
И понатаму сте во топ-форма, барем кога е работата во прашање. Свесни сте за целите и не се откажувате од нивната реализација. Посебно ви годи чувството дека се може да работите слободно и никој да не ве спречува во тоа.
Рак
Ја контролирате својата сензуалност. Ја потиснувате напнатоста во љубовниот живот, бидејќи наидувате на сексуални и на љубовни ограничувања. Не е чудо, затоа што сте пречувствителни и со партнерот комуницирате на неадекватен начин. Мора да преземете нешто конкретно.
Лав
Ќе имате тешкотии при односите со околината. Морате да сфатите дека самите ги создавате проблемите, не знаете темелно да работите, а за тоа ги обвинувате другите. Обидете се да имате повеќе разбирање за се што ве опкружува.
Девица
Вашето моментално внимание е насочено кон домот и семејството. Размислувате како да ги подобрите условите за живеење. Дали ќе направите голем чекор и ќе се преселите или ќе купите дел од мебел што сте го наумиле? Се грижите за вашиот партнер.
Терезија
Овие денови сте преокупирани со работата. Ако излезе некој проблем, не го преувеличувајте веднаш, туку преземете нешто конкретно. Непотребната грижа никогаш нема да ви помогне. Препуштете им се на задоволствата, така ќе се олабавите.
Скорпија
Вашето опкружување мисли дека се однесувате чудно. Партнерот се сложува со тоа и смета дека без причина сте непријатни и селективни. Иако се обидува да ви укаже на грешките, нема да успее во тоа. Барајте неутрални лица. Неопходна ви е нечија помош.
Стрелец
Се разгледувате од идеалистички агол, како и секогаш. А тоа доведува до разочарување, бидејќи ситуацијата никогаш не е така розова. Мора да вложите многу поголем напор и да бидете подготвени на одрекување доколку сакате да го решите проблемот.
Јарец
Бидете реални и не занесувајте се многу, барем не овие денови. Активностите сведете ги на разумна мера, одморајте се и дружете се со пријатни лица. Имунитетот ви е ослабен, а склоноста кон настинки е евидентна.
Водолија
Сакате да побегнете од се’ и да отпатувате. Токму патот ќе ви помогне да се олабавите и да заборавите на грижите што ги имавте во претходниот период. Мало невнимание може да предизвика големи последици, и тоа од материјална природа.
Риби
Сакате да бидете креативни на вистински начин. Тоа, пред се’, се однесува на уметнички настроените припадници на знакот. Чувствувате силна привлечност спрема некого. Бидејќи ситуацијата е специфична, не е сигурно дека ќе дојде до нешто конкретно.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!