Top

Дневен хороскоп – 29.07.2011 (петок)

Овен
Односот со партнерот ви е се’ подобар. Сепак, би било добро да покажете малку повеќе нежност и да ја намалите нервозата. Состојбата во домот е нестабилна. Добри вести од пријателите. Можност за патување.

Бик
Вниманието ви е насочено кон заедничката работа со партнерот на еден проект. Избегнувајте да се движите, бидејќи ќе имате неприлики во сообраќајот. Можни се и помали здравствени проблеми.

Близнаци
Состојбата во вашиот емотивен живот станува повозбудлива. На праг е нова врска, која ќе ви го освежи сексуалниот живот. Проблеми со парите, но и со колегите на работа. Слободното време минувајте го со децата.

Рак
Во можност сте исклучително брзо да заработите пари. Не би сакале тоа да пропадне, па сте напнати. Ситуацијата во фамилијата е затегната, исто како и односот со партнерот. Внимавајте на здравјето.

Лав
Многу сте слободни во љубовта и склони сте кон авантури. Овие денови ве очекува кратко патување. Финансиите полека се стабилизираат. Една добра вест е дека многу сте расположени. Избегнувајте непознати места.

Девица
Денес се чувствувате подобро од кога и да е. Потребно ви е повеќе дружење. Тоа директно ве извлекува од депресијата. Чувствувате голема потреба за нови љубовни возбудувања. Парите премногу брзо ги трошите.

Терезија
Полни сте со енергија и сакате да ги решите проблемите во односот со партнерот. Сепак, морате да бидете подготвени на непријатна кавга. Поголем финансиски успех. Поддршка од странство.

Скорпија
Многу сте повлечени во последно време. Моментно се обидувате да се пронајдете себе и нешто да измените во својот живот. Внимавајте да не дојдете во судар со законот. Здравјето ви е проблематично.

Стрелец
Денес ќе ве вознемири разговорот со еден пријател од спротивниот пол, бидејќи ќе забележите дека станува збор за тоа дека тој ве гледа повеќе од пријател. Наскоро некаде ќе отпатувате. Добра вест од странство.

Јарец
Се наоѓате во период на нестабилен однос во љубовта. Не можете да ги разберете потребите на партнерот поради што лесно запаѓате во расправии. Ве притискаат многу нерешени семејни проблеми. Успех на работното место.

Водолија
Денес би можеле да одете на пат или можеби да влезете во некоја љубовна авантура. Во секој случај ќе добиете понуда, а на вас е да одлучите. Партнерот е чувствителен и очекува нежност од вас.

Риби
Незадоволни сте со својата работа и размислувате да ја промените. Можеби и така е најдобро, бидејќи ниту финансиската состојба не ви е розова. Можност за решавање на односите со фамилијата. Здравјето ви е променливо.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *