Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 29.03.2011 (вторник)

Овен
Одеднаш се чувствувате премногу фрустрирано, па сметате дека е многу тешко да ги совладате емоциите. Лутината што се јавува во вас е само уште еден показател дека е крајно време да се соочите со вистината за тоа што чувствувате кон партнерот. Изнајдете го вистинскиот начин да дојдете до успешно решение.

Бик
Убаво ви е кога се чувствувате цврсто на земја и кога знаете дека ситуацијата ја имате под контрола. Особено кога станува збор за љубовта и односот со партнерот. Но, моментно сте изненадени од несигурноста што произлегува од вас поради извонредната комуникација која не е својствена за вас. Без многу напори уживајте во среќните мигови и олабавете се.

Близнаци
Вашите емоции се непостојани и променливи. Тоа и не би требало да ве чуди со оглед на вашата дволична природа. Иако таквите емотивни осцилации нема да ви донесат подобрување на љубовниот живот, сепак, вие уживате во забавата. Обидете се да бидете малку повеќе практични и симнете се од облаците.

Рак
Имате чувство дека сте стигнале со нештата до самиот крај. Можеби претерувате со вашата песимистичка природа, бидејќи не можат постојано да се случуваат убави нешта. Некои работи едноставно мора да ги прифатите и да се обидете да продолжите понатаму. Колку и да се чини невозможно, секогаш среќата им се насмевнува на најхрабрите.

Лав
Некој ќе се обиде да ја наруши вашата духовна хармонија и да ве налути, но самоконтролата нема да ви побегне од рака. Вие умеете добро да ги контролирате нештата, па ваквите провокации ќе ги сфатите како љубоморен обид на околината да ви наштети. Обидете се позитивната енергија да ја насочите кон убави нешта.

Девица
Истражувачката природа во овој период ќе дојде до израз. Колку и да ви се чини невозможно, ќе успеете да ја откриете вистината за една работа која постојано ве измачува. Она што треба да се дознае ќе дојде во моментот кога најмалку ќе го очекувате тоа, но добрата анализа само ќе ви помогне да дојдете побргу до целта.

Терезија
Рамнотежата кај вас доаѓа од самата природа на знакот, па затоа луѓето родени во овој знак важат за најголеми балансери. Премногу размислување на одредени теми нема да ви донесе ништо добро, па затоа одлучете се да се препуштите на моментите, колку и да изгледа тоа чудно за вас.

Скорпија
Отежнатата комуникација ќе биде главниот проблем со кој ќе се соочите. Причина за тоа ќе бидат острите критики кои претпоставените ќе ги упатат на ваша сметка. Но, не очајувајте. Сите имаат добри и лоши моменти, па за кратко време ќе успеете да ги повратите старите позиции.

Стрелец
Советите што ви се даваат со добра намера, постојано ги сфаќате како лична критика и сметате дека некој се труди да ја покаже слабата страна на вашиот карактер. Можеби малку избрзувате со соработниците, па затоа наместо да се лутите, одберете да слушате и на тој начин ќе успеете да постигнете солидни резултати.

Јарец
Плановите кои е потребно да ги реализирате ќе мора да почекаат за некои подобри времиња, бидејќи ќе мора да се приспособите на новонастанатата ситуација. Можеби мислите дека некој намерно ви стои на патот, меѓутоа станува збор за мали проблеми со кои ќе се соочите и за кои постои соодветно решение.

Водолија
Сакате околината да мисли дека се држите под контрола, но свесни сте дека тоа е далеку од вистината. Таквиот став не ќе може да ви помогне во ниту една ситуација, бидејќи ќе се појават тешкотии за кои ќе треба да употребите здрав разум, а не дополнителни проблеми. Подобро е да ја изберете опцијата и да бидете позитивно настроени кон другите, наместо да ја истакнувате вашата ароганција.

Риби
Избегнувајте да се надевате премногу кога немате основа за тоа. Не обвинувајте ги другите за личниот неуспех, бидејќи на тој начин уште повеќе ќе ја изгубите самодовербата во сопствениот потенцијал. Морате да научите дека за секоја постапка, добро или лошо изведена, одговорноста оди исклучиво на ваша сметка.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *