Овен
Поемотивни сте од кога било. Барате грешки и таму каде што ги нема. Занимавајте се со спорт ако сакате да го потрошите вишокот енергија. Важно ви е да бидете задоволни со себе. Адекватно исполнувајте ги сопствените креативни можности.
Бик
Денот го поминувате опкружени со луѓе, сјај и гламур. Уметничката нагласеност е јака, естетската уште појака, а тоа укажува на вашите строги критериуми. Започнете нова љубовна врска или зацврстете ја старата. Важно е што се чувствувате добро, а така и изгледате.
Близнаци
Позитивно му пристапувате на животот и ги решавате проблемите. Водите борба за моќ и углед кога е во прашање професијата. Ве очекуваат сјајни моменти со некого што не го очекувате. Не верувајте му многу на партнерот.
Рак
Имате силна желба за доминација. Не сте свесни за сопствените слабости. Кога немате проблеми, се чувствувате чудно. Материјалната страна ја занемарувате. Најдобро поминуваат оние што умеат да најдат златна средина.
Лав
Напнатоста и стресовите во љубовниот живот може да придонесат за раскинување на врската. Грешите во процените на луѓето, но најлошо е што немате храброст да преземете конкретен чекор. Потребна ви е сила за да се справите со проблемите.
Девица
Ве очекуваат расправии и незадоволство со партнерот. Чувствителни сте на неговите критики, но и нервозни. Размислете дали е потребно сето ова и дали може нешто од ова да избегнете. Обидете се на извесно време да се дистанцирате од се’.
Терезија
Дружељубивата црта на карактерот ви е нагласена. Кога ќе си зададете некоја задача, не постои сила која ќе ве спречи да ја остварите. Ви одговара друштвото на истомисленици, особено ако ве врзува уметност. Ве очекува нова љубовна врска.
Скорпија
Пречката пред која се наоѓате бара енергија за да успеете да преживеете. Потрудете се да ја совладате кризната ситуација. Партнерот не ве поддржува во ништо, тоа дополнително ве излудува. Не правете грешки за кои ќе зажалите.
Стрелец
Во последно време се’ сфаќате трагично. Се трудите да донесете побезболни решенија. Ќе ви биде тешко, а тоа е последица на незадоволството. Не сте доволно силни да ставите крај на сите проблеми.
Јарец
Генерално, добро се чувствувате, но постои некое внатрешно незадоволство кое не ви дава мир. Тоа може да биде и многу опасно, бидејќи постепено се таложи и влијае на здравјето. Психата е на удар, па и наклонетоста на болести од тој тип. Дружете се со оние што ви одговараат.
Водолија
Постојат морални норми. По природа сте авантурист, тоа може да ви донесе незгода. Потрудете се да ги исправите грешките. Правдата кон вас е бавна, но достижна. Бидете внимателни со исхраната. Избегнувајте расправии.
Риби
Денеска ќе се чувствувате одлично. Ќе се олабавите по многуте обврски кои успешно ги завршивте. На емотивен план почнува нешто убаво да ви се случува. Планетите малку доцнат со исполнувањето на желбите, но бидете трпеливи. Убавото допрва доаѓа.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!