Овен
Можни се грешки и недостаток на енергија, како и лоша концентрација. Пожелно е да не инсистирате на работа по секоја цена ако почувствувате одбивност кон тоа, туку одложете го до моментот кога подобро би се чувствувале. Свртете се кон љубовта.
Бик
Вложувате дополнителна сила во решението на проблемите. Борбата не е лесна, но е успешна. Ја преминувате опасната здравствена ситуација. Можни се грешки кога љубовта е во прашање, тука паѓате од грешка во грешка. Тешко се прилагодувате.
Близнаци
Стигнуваат добри вести. Размислувате за договорите, новите работи и здравјето, сите идеи кои ви паѓаат на памет стојат на цврсти нозе. Тоа не се случува често, па искористете ги поволните ситуации. Ако постапите правилно, следи вистински успех.
Рак
Не ви е лесно. Љубоморни сте и опсесивни, но само затоа што сте несигурни во себе. Реални причини нема, но што да се прави кога тоа е посилно од вас. Свртете се кон работите кои покажуваат видливи резултати, работата на пример. Поубаво ќе се чувствувате.
Лав
Во изолација стрпливо ги остварувате целите, свесни дека тоа ќе ви се исплати. Доколку сте нерасположени, една од причините може да биде од парична природа. Моментално не сте во можност да ја фасцинирате околината со подароци и трошење.
Девица
Размислувате во добар правец. вашите активности не се сведуваат исклучиво на планови, туку сакате од зборови да преминете на дела. Сега е вистинскиот момент. Успехот е евидентен, па немате причина за дилема. Емоциите се во втор план.
Вага
Тамам сакавте да земете воздух и да соберете сила за новите потфати, кога повторно искрснуваат нови проблеми. Емотивното незадоволство исто така е присутно. Склони сте вината да ја префрлите исклучиво на друга страна. Пожелно е да бидете објективни.
Скорпија
Вложувате максимален напор, а резултатите се незабележливи, што страшно ве нервира. Поради што сте тврдоглави? Штом ќе видите дека нешто не оди, значи не е вистинскиот момент, па свртете се кон другите работи. Бидете внимателни.
Стрелец
Бидејќи се ви пречи, најдобро е да се изолирате и да најдете мир. Многу работи може да ве орасположат, но тие се наоѓаат далеку од очите на јавноста. Непрочитаната книга, колекција на слики или добар филм-заслужуваат внимание.
Јарец
Одлучивте работите да ги истерате до крај, па нема сила која може да ве оттргне во тоа. Емоциите се на страна, додека разумот упорно работи. Не се оптеретувате се споредни нешта, примат му давате на она што моментално ви е многу значајно.
Водолија
Дали се правите коректно во однос на законот? Доколку не можете да дадете потврден одговор, под итно вразумете се и исправете ја грешката. Во спротивно ќе имате конфликт со законот. Врската со Скорпијата е доведена до точка на вриење.
Риби
По глава ви се мотаат безброј идеи. Тотална конфузија! Иако мислите дека ќе ги спроведете потпирајќи се исклучиво на сопствените сили, грешите! Помош многу ви е потребна, па прифатете ја. Повеќе внимание посветете му на здравјето.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!