Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 28.05.2011 (сабота)

Овен
Тешко ви оди од рака да се смирите. Склоноста кон расправии и драматични ситуации е евидентна, а оние што не ве познаваат добро ќе бидат шокирани. Партнерот е рамнодушен бидејќи таа ваша особина ја прифатил и не ве сфаќа сериозно. Обидете се да се релаксирате на сонце или во близина на вода.

Бик
Некои работи се кристално јасни. Подобро се чувствувавте кога не знаевте на што сте. Можевте барем да се надевавте и да фантазирате. Вака треба од нешто да се одречете, а некои луѓе да ги ставете на вистинското место. Болно е се’ што денес доживувате, но и корисно. Обидете се да извлечите поука од случувањата за во иднина.

Близнаци
Моментално знаете што сакате. Иако сте нестабилни во своите ставови, тоа не мора да значи дека е лоша особина. Од честите промени на мислењата може да профитирате било да се работи за партнерство, брак или работа. Самотијата ќе ви годи. Можна е кожна алергија, но не е ништо алармантно.

Рак
Пријателите и околината ве презираат. Тие сфатија дека вие сте користољубиви. Сепак, не е до другите да донесуваат заклучоци за вашето однесување. Треба да ве прифатат какви што сте. Веројатно сте биле нивна жртва за разни нешта, па ви се смачило.

Лав
Лавовите функционираат по системот топло-ладно. На моменти се’ ви изгледа едноставно, проблемот и не постои за повторно да почнете да паничите. Се плашите и си поставувате хипотетички прашања. Ви се советува смиреност бидејќи најпосле ќе ви се оствари нешто за што долго време сте мечтаеле.

Девица
Многу Девици ќе се интересираат за книжевност и поголемиот дел од слободното време ќе го поминат во читање добра литература. Исклучително здрав интелект, мноштво идеи и планови ви се вртат денес низ главата. Обидете се да се дистанцирате од се’ и во самотија да најдете одговор на некои прашања.

Терезија
Под услов да не сте банкротирани, ќе се чувствувате фантастично. Во секоја работа ќе ја гледате убавата страна, ќе бидете склони да уживате во ситниците и максимално да и’ се посветите на околината. Доколку останете без пари, размислете на тоа дека можеби премногу трошите.

Скорпија
Нервниот систем ви е многу напнат. Може причина за тоа е што се’ работите набрзина. Затоа обидете се да ја потиснете состојбата на хронично незадоволство. Обидете се да ја согледате вашата одговорност поради што и вашата емотивна врска не функционира.

Стрелец
Од другите го очекувате невозможното, па се разочарувате. Сметате дека во љубовната врска или партнерство сте оштетената страна, па планирате да се повлечете од играта. Ставот е погрешен. Издржите до крај, но во иднина добро размислите од кој треба да очекувате.

Јарец
Изразена е смислата за убавите нешта, а уште поголема желбата во нив да уживате. Не си скратувајте ништо. Дружењето со Лавовите и Вагите влијае позитивно врз вашето расположение. Тоа е барем лесно. Посветете им максимално внимание, но не занемарувајте ги и Стрелците.

Водолија
Не сте во топ-форма. Треба извесно време да се стрпите и да бидете помалку невротични. Не претерувајте со консумирањето храна, пијалак, секс и останатите работи бидејќи не е вистинскиот момент за тоа. Контролирајте се. Одморајте се со некоја добра книга или филм.

Риби
Често ве обзема чувство на инфериорност, проследен со несигурност, па се повлекувате во својот свет. Ја ставате главата во песок и се препуштате на пасивниот животен стил. Бидејќи сте Риба песокот очигледно нема да ви годи. Повеќе ќе ви одговара истражување на несвесните феномени и промена на животните ставови.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *