Top

Хороскоп за 28.01.2012 (сабота)

Овен
Случувањата ве дочекаа подготвени, па затоа и вашите реакции се адекватни. Се соочувате со проблем поврзан со домот и со наследството. Денешните разговори се закануваат да ве исфрлат од рамнотежа, но нема да успеат. Не сакате да создавате проблеми, иако се јавуваат сами од себе. Посветете му се повеќе на партнерот.

Бик
Доколку не се чувствувате баш најдобро, бидете сигурни дека оваа состојба е минлива. Пријателски сте расположени спрема околината и преплавени сте со силни емоции. За жал, мора да се подготвите за секакви реакции. Семејството на секој начин се обидува да ве изнервира, но не му го давајте тоа задоволство.

Близнаци
Доколку сте незадоволни од реалноста, немојте да барате спас во светот на фантазијата. Можни се финансиски проблеми од поголеми размери, па затоа водете сметка за тоа во што ги вложувате вашите пари. Чувајте ги парите за да не станете цел на крадците. Ќе се соочите со стомачни проблеми.

Рак
Бидејќи се однесувате емотивно спрема околината, пријателите ќе ви се доверуваат и ќе бараат совети од вас. Денешните дружења ќе се темелат на духовен афинитет. Искористете ги своите можности на адекватен начин, зашто само така нема да се нервирате. Ви се советува оптимистичко размислување. Чувајте го здравјето.

Лав
Остваривте сè што замисливте, па сега се досадувате. Бидејќи имате многу слободно време, ќе размислувате за небитни работи и ќе се нервирате. Свеста за сопствените вредности моментално ви е намалена, па оттаму и сумирањето и преиспитувањето на резултатите. Бидете подинамични.

Девица
Планирате патување, но поради виши околности тешко ќе го реализирате. Денеска е пожелно да бидете внимателни во комуникацијата со партнерот и со пријателите, зашто ситно невнимание може да доведе до големи последици. Концентрирани сте на нешто што е далеку од реалноста.

Терезија
Сакате прослави и дружења, се трудите што подобро да изгледате. Најпосле, пред вас се големи промени. Најлошото помина, а од новата година очекувате многу. Бидејќи сè што е убаво има и лоша страна, цел ќе биде вашиот деловен живот. Ве очекуваат статусни промени на подобро.

Скорпија
Планирате патување, но поради општата слабост на организмот лесно може да се случи да не отидете. Повеќето од вас ќе го остварат она што го наумиле. Бидете внимателни во сообраќајот. Повратете го оптимизмот во врската со личноста со која долго не сте се виделе и обидете се да закажете средба.

Стрелец
Вложувате максимум сила во реализација на извесен проект. До таа мера сте окупирани од желбата да истраете што немате време да се оптоварувате со актуелната прослава. Едно патување може многу да ви го поправи расположението. Денеска ќе бидете поемотивни од вообичаено.

Јарец
Зошто се расправате со партнерот кога тој и така си работи по свое? Бидете итри. Не мора секогаш отворено да му кажете што мислите, посебно ако тоа не е во согласност со неговите ставови. Бидејќи сте идеалистички ориентирани, не е ни чудо што повремено сте незадоволни. Можни се проблеми со бубрезите.

Водолија
Сите случувања се поврзани со љубовта. Партнерот и децата се во центарот на вашето внимание. Склони сте кон претерувања, па нека не ве изненадуваат проблемите со жлездите. Обидете се да се олабавите и да уживате во кругот на пријателите.

Риби
Моментално сте во дилема: дали да ја обновите врската или да ја претворите во пријателство? Второво е пореална варијанта. Бидејќи се можни проблеми во врска со децата, обидете се да им помогнете. Чувствителни сте на проблеми, па одложете ги. Стрпете се неколку дена. Имате работа преку глава.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *