ОВЕН
Доколку успеете да ја надминете желбата за потчинување на другите, за расправии и насилничко однесување, може да се надевате на успешен ден. Еден план е премногу убав за да биде вистинит, па обидете се да гледате на работите од друг агол.
БИК
Смирете се и не реагирајте бурно во присуство на другите, зашто штетите од таквото однесување ќе ги почувствувате најпрво вие. Пред вас се убави моменти проследени со ненадејни познанства и необични доживувања. Одличен ден за уметност.
БЛИЗНАЦИ
Си фантазирате и чекате да ви паднат пари од небо! Па, знаете дека нема ништо без труд! Зошто се однесувате како деца и се задоволувате со минимални средства, успеси… Потрудете се да направите нешто повеќе од себе и од својот живот.
РАК
Имате проблеми, но не се чувствувате лошо. Веројатно причината е во тоа што работите почнаа да одат на подобро, а вие се надевате на поголема заработувачка. Вечерва, наместо да готвите, предложете му на партнерот да излезете во некој ресторан.
ЛАВ
Многумина припадници на знаков моментално се во ситуација која ја храни суетата. Ве очекува однос со јавноста во комбинација со идеална соработка со спротивниот пол. Лесно им се приспособувате на околностите и се’ ви изгледа едноставно.
ДЕВИЦА
Обидете се во работата да најдете одговор за незадоволството. Ако ги одбегнувате финансиските вложувања и поведете поголема сметка за парите – постои шанса да ја ублажите непријатноста. Можни се проблеми врзани со здравјето.
ТЕРЕЗИЈА
Се наоѓате во друштво на многу луѓе, комуницирате и се забавувате. Партнерот е единствената личност која не ве разбира добро. Мора да преземете нешто за да го поправите вашиот однос. Размислете за опциите. Повеќе не можете да продолжите на овој начин.
СКОРПИЈА
Грижите полека ги оставате зад вас, а нервозите стануваат минато. Искористете ги наредните денови да размислите за се’ што ви се случуваше, да извлечете поука и да не ги повторувате истите грешки во иднина. Нервозата е преценување на сопствените можности.
СТРЕЛЕЦ
Влијаете врз развојот на настаните, а не сте свесни за тоа. Ве очекува убава промена на деловен план, но и на љубовно поле. Доколку планирате на долги патеки, сега се наоѓате во вистинското време. Ретко имате можност толку јасно да ги согледувате работите.
ЈАРЕЦ
Пред вас е релативно успешен ден. Чувствувате дека грижите и нервозите се зад вас, а вие подготвено влегувате во нови и убави работи. Ќе се чувствувате препородено, а на минатото нема ни да се сеќавате. Блазе вам – уживајте во своите пет минути!
ВОДОЛИЈА
Мора добро да се потрудите, но не очекувајте успех преку ноќ. Процесот е долг и тежок, но вие сте упорни, така што сигурно нема да се разочарате. Здравствената состојба не ви е најсјајна – мора да бидете повнимателни во однос на ова прашање.
РИБИ
За жал, и вие се соочувате со суровата вистина дека добрината и искреноста се особини кои најмалку се ценат во денешниот свет. Ќе се освестите, па ќе почнете да реагирате така како што другите се однесуваат спрема вас. Но, не претерувајте – лошото со лошо се враќа.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!