Top

Дневен хороскоп – 27.08.2011 (сабота)

Овен
Се чувствувате во топ-форма. Убаво и лежерно комуницирате со сите. На повидок е заработувачка, но и во љубовта доста добро ви оди. Единствено фамилијата не е задоволна со вас. Водете сметка за тоа.

Бик
Време е повеќе внимание да посветите на партнерот. Полека почнувате да го занемарувате со своите деловни обврски. Ќе имате доста интересен разговор со пријателите. Финансиската ситуација е нестабилна.

Близнаци
Денес би можеле да ги остварите своите планови. Односот со саканата личност е добар. Заминување на пат како и изненадни промени на работа ќе се реализираат подобро од тоа што сте го замислиле. Можни се проблеми со синусите.

Рак
Имате големи шанси за изненадна финансиска добивка. Исто така деловните шанси нагло ви се зголемуваат. Сепак имате лоши неразрешени љубовни проблеми, со кои е потребно што е можно побрзо да се соочите.

Лав
Под влијание сте на убави и пријатни вести за вашето скоро патување. Среќни сте иако помалку вознемирени. Финансиската ситуација благо се поправа. Повеќе внимание посветете на децата. Трчајте.

Девица
Денес сте таинствени и затворени од кога и да е. Загрижени сте заради парите, бидејќи ги немате доволно, па се нервирате. Бидете внимателни во сообраќајот. Одморете се.

Терезија
Ќе имате одличен однос со партнерот и со јавноста воопшто. Денес сте омилени меѓу пријателите и на некој начин сте главни во друштвото. Недоразбирање со колегите на работа. Ќе бидете доста нервозни.

Скорпија
Работата ви оди подобро до кога и да е. На работното место сте брзи и ефикасно ги извршувате своите задачи. Ќе добиете понуда за едно деловно патување. Треба малку да се опуштите и да го смирите нервниот систем.

Стрелец
Односите во љубовта се нешто подобри отколку претходните денови. Сепак неопходно е да ги разрешите старите проблеми кои ви се насобрале. Имате исклучителни шанси да добиете на лотарија некое наградно патување.

Јарец
Денес се однесувате невообичаено што не е во вашата природа. Спремни сте да го нападнете секој за кој мислите дека ве загрозува. Го заморувате партнерот со сериозни разговори. Проблеми со мочното бабуле.

Водолија
Многу сте расположени за долги разговори со партнерот. Не претерувајте бидејќи само непотребно ќе се нервирате двајцата. Премногу работите. Ќе се подготвите за кратко патување. Здравјето ви е променливо.

Риби
Конечно добри вести врзани за финансиите. Иако односите со партнерот се добри, чувствувате некоја рамнодушност. Размислете колку сте одговорни за таквата состојба. Чувајте се од воспаленија.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *