Овен
Импулсивни сте, но искрени. Размислувањата за купопродажба на недвижен имот моментално се повеќе од пожелни. Грижејќи се за тоа како да го надминете проблемот, заборавате на еден друг проблем што не е за потценување. Размислете добро.
Бик
Веќе подолго време сте во конфузна состојба. На материјален план се можни промашувања, па би требало да отворите очи. Не се сите искрени како што се претставуваат. Завидливоста е неминовна кога некој е успешен како вас. Ако сте свртени кон уметничката професија, сe држите под контрола.
Близнаци
Од корен го менувате пристапот кон проблемот. Успехот е неминовен. Извесна ситуација не можете да ја решите сами, па им се обраќате на пријателите. Од нив можете да имате значајна корист. Во фаза сте на создавање нови животни можности. Тргнувате од мртва точка.
Рак
Може да имате корист само ако се потпирате единствено на својата сила. Штом се потпрете врз други, имате проблеми. Околината мислеше дека сте многу послаби, но и денеска ќе ја шокирате со силата на својата личност. Бидејќи не се жалите на никого, создавате лажен впечаток дека вам сe ви е в ред.
Лав
До се’ мора да дојдете со сопствен труд. Имате чувство дека ништо не ви паѓа од небо. Бидејќи денеска ви годи некој вид самотија, обидете се да се изолирате. Така ќе ги наполните батериите и ќе бидете подготвени за нови работни победи. Обемот на работата ви се зголемува, а и поголема заработка е на повидок.
Девица
Ситуацијата и не е така розова. Свртени сте кон јавноста, па немате време да се задлабочите во својот случај. Можеби и би можеле, но од моменталната ситуација ве фаќа паника. Со партнерот сте на целосно различна бранова должина и никако да се усогласите, но, сепак, добро функционирате.
Терезија
Оптимистичкиот пристап и натаму е евидентен, па и самиот проблем многу полесно ќе го пребродите. Доколку сте во можност да го решавате станбеното прашање или да го адаптирате животниот простор, ова е вистински момент. Не дозволувајте од невнимание да упропастите многу поволни можности.
Скорпија
Ќе бидете во ситуација без причина да се вознемирувате, па здравјето може да ви биде нарушено. Треба да знаете дека околу вас постојат луѓе што можат да ви помогнат да ги решите моментните проблеми за да се чувствувате подобро. Не срамете се да ја побарате раката на пријателот.
Стрелец
Полни сте со сила и желба да се борите со проблемите, но веќе на првиот чекор се повлекувате. Бидејќи се евидентни личните проблеми, обидете се да се изолирате и да размислите каде грешите. Одморете се и реално проценете ги своите можности. Само така ќе ја пребродите кризата.
Јарец
Партнерот може да ви биде од извонредна корист кога е проблем во прашање. Од него кренавте раце, но тој не само што сака, туку и може да ви помогне. Не дозволувајте лажното достоинство да ви ја расипе работата. И така имавте емотивни проблеми поради својата неприспособливост и нетолеранција.
Водолија
Во потрага по нови случувања, доаѓа до израз вашата снаодливост. Финансиската добивка ќе биде сосема нормална појава. Мора повнимателно да постапите и помалку да зборувате, постои опасност од непотребни возбудувања. Некој може да изнуди одлука од вас поради која може да се каете.
Риби
Уморни сте и помалку мрзливи. Не е ни чудо, затоа што последните денови се префорсиравте. Имавте низа емотивни и деловни проблеми, па веста дека заминувате на пат пријатно ќе ве израдува. Уште ако тоа биде во странство! Се подготвувате за средба со драги лица.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!