Top

Хороскоп за 26.03.2012 (понеделник)

ОВЕН
На полето на кариерата е добро. Единствениот проблем претставува тоа што морате да соработувате и со оние што не ви се допаѓаат. Пари има доволно. Денот ќе му го посветите на семејството. Здравјето е солидно.

БИК
Имате голем хаос во главата. Премногу размислувате за сè, а моментално треба да се фокусирате само на односите и да не ја заострувате ситуацијата. Можни се парични издатоци. Здравјето е стабилно.

БЛИЗНАЦИ
Ќе направите лоша деловна проценка и ќе морате да се вратите чекор наназад за да ја исправите грешката. Нека не ве обесхрабрува тоа. Моментално треба да бидете повлечени и одговорноста да им ја препуштите на другите.

РАК
Поради работата што моментално ја работите, неопходно е да се потсетите на нешто што некогаш сте го учеле и нека не ви биде тешко. Ќе добиете помала сума пари. Во љубовта не е идеално. Здравјето е добро.

ЛАВ
Со партнерот совршено се совпаѓате. Имате исти желби. Постои можност ненадејно заедно да заминете на кратко патување. Можете да се олабавите, зашто на работа е се’ како што треба. Здравјето е добро.

ДЕВИЦА
На работа ви недостасува време. Мора брзо да се одлучите. Со некого сте ја прекинале врската и сега размислувате да се вратите. Дајте си себеси уште некој ден, па ако го чувствувате истото, направете го првиот чекор.

ТЕРЕЗИЈА
Иако ги имате сите квалитети, не с ечувствувате пријатно во својата кожа и несигурни сте кога треб анешто да одлучите. Можно е познанство со личност која моментално се разведува. Здравјето е чувствително.

СКОРПИЈА
Подготовките за нова работа бараат да го смените досегашниот начин на работа. На љубовниот план е стабилно. Партнерот е многу поголем оптимист од вас. Вие постојано се сомневате. Здравјето е нестабилно.

СТРЕЛЕЦ
Ве очекува убав и интересен ден. Сè ќе биде според планот. Ви претстојат неколку средби, деловни и приватни. Со партнерот имате однос кој е проникнат со емоции, но и сè поголемо пријателство.

ЈАРЕЦ
Деловните предизвици се многу и денес ќе бидете задоволни со резултатите. Во семејството сèуште не е стабилно, но ќе биде подобро во текот на викендот. Емотивниот живот е моментално во втор план, зашто е одличен.

ВОДОЛИЈА
Пред вас е уште еден убав ден. Ќе бидете полни со живот, подготвени за предизвици. Патот на кој планирате да тргнете ќе ве чини скапо, но тоа не ве оптоварува. Во љубовта е стабилно. Виталноста е нагласена.

РИБИ
Се зголемува обемот на работата и станувате сè поценети поради начинот на кој работите. Денешниот ден особено искористете го за дополнителна афирмација. Побавно трошете ги парите. Во семејството е променливо.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *