Овен
Нема да жалите ниту време, ниту пари за да го остварите она што веќе подолго го планирате. Позитивен потик ќе примите од пријателите. Една личност со своите совети ќе ви помогне да решите многу дилеми. Очекувајте успех на работното место.
Бик
Вашите амбиции се се поголеми. Нема да погрешите ако се препуштите на љубовните прегратки на личноста којашто подолго време е страсно вљубена во вашите сонливи очи. Тргнете се од вообичаените навики. Бидете внимателни со здравјето.
Близнаци
Денот ќе ви мине во работно расположение. Со малку труд и потрошено време ќе остварите повеќе од што очекувате. Позитивни вести ве очекуваат дома. Ќе бидете расположени за купување на предмети за домаќинството и чистење на домот.
Рак
Енергетските вибрации на блиските личности ќе ве потикнат на акција. Една случајна ситуација ќе ве приближи до личност што ве привлекува со својот изглед. Набрзо ќе сфатите дека интересот е взаемен. Бакнежот ќе ги отвори портите на рајот.
Лав
Извесна е некоја материјална добивка. Очекувајте и понуда за добра заработувачка која пожелно е да ја прифатите. Некои ќе бидат изненадени од некој луксузен подарок. Патувањата ве прават среќни особено ако се збогатени со интересно друштво.
Девица
Ќе посакате таинствен вечерен помин, ослободен од големи очекувања, кога станува збор за забава. Но, чувството дека би можеле да разочарате некого, ќе ве натера да ги смените плановите. Финансиската ситуација бара штедење. Внимателно со пороците.
Терезија
Остварувате деловен успех, или размислувате за него. Ве очекуваат многу интересни случувања во врска со уметноста и ораторството. Во односите со околината често глумите, па другите тешко препознаваат кога тоа не го правите.
Скорпија
Не ви се допаѓа нечие однесување, но не можете да ги промените основните услови или правила што ги диктираат вашите соработници. Чувствувате емотивна несигурност, но прикривањето на вистината остава лошо влијание на блиското лице.
Стрелец
Летате на крилата на фантазијата, додека животот пред вас незабележливо минува. Не ретко ги заборавте работите кои ви се неопходни. Можеби ќе се потсетите и ќе почнете попрактично да размислувате. Преземете нешто поконкретни на планот на уметноста.
Јарец
Ќе ве вознемири однесувањето на една личност. Површноста и неодговорноста ќе ви биде сосема несфатлива. Денешните планови немојте да ги врзувате за други луѓе. Се што можете направете сами, а помош барајте дури утре. Не влегувајте во препирки.
Водолија
Повеќе внимание посветете на деловната комуникација. Можни се промени во деловниот распоред или кадровски прераспределви на вашето работно место. Една личност ќе се обиде да го оспори вашиот авторитет. Внимавајте на здравјето.
Риби
Ќе ги спознаете добрите страни на едно пријателство. Од пријателите ожекувате премногу. Успешно ќе завршите еден важен разговор или ќе блеснете на состанокот со нови идеи. Негувајте ја кожата со креми и масла. Погрижете се за постарите лица.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
MI SE DOPAGA OVA