Овен
Многу сте деловно ангажирани, но тоа нема да ви донесе финансиски успех. Односот со партнерот се подобрува. Искористете ја можноста да ги релаксирате односите. Недоразбирања со пријателите.
Бик
Во текот на денот може да очекувате помали недоразбирања со партнерот, како и со фамилијата. Ве очекува помала финансиска добивка. Вечерта ви носи успех и задоволство со партнерот. Олабавете се.
Близнаци
Односот со партнерот се подобрува. Страстите ви се нагласени и ве очекува задоволство во љубовта. Ќе имате вознемирувачки разговор со пријателите. Внимавајте што зборувате. Проблеми со здравјето.
Рак
Изгледа дека со партнерот сте успеале да пронајдете заеднички јазик. Финансиската состојба ви е нестабилна, што ве прави нерасположени. Избегнувајте расправии, бидејќи ќе го извлечете подебелиот крај.
Лав
Се обидувате повеќе работи да сработите одеднаш, а тоа не ви успева. Затоа сте нервозни и за своите неуспеси го обвинувате партнерот. Успех на работа и можност за помала добивка. Здравјето ви е одлично.
Девица
Иако денес сте малку нервозни во комуникацијата, сепак, ќе доживеете деловен успех. Ве очекува сигурна финансиска добивка. Денес можете да очекувате и задоволство во љубовта и во односот со партнерот.
Терезија
Партнерот ви е нервозен и комуникацијата со него не ви е на завидно ниво. Можни се и помали проблеми со децата. На работа ве очекува успех, но без финансиска добивка. Здравјето ви се подобрува.
Скорпија
Многу работите и премногу сте напнати. Тоа може да биде причина за чести несогласувања со колегите во текот на денот. На финансиски план денес може да очекувате добивка. Во љубовта се’ е по старо. Можно е кратко патување.
Стрелец
Изгледа дека среќата, кога станува збор за парите, конечно, ви се насмевна. Односот со партнерот ви е нерешен. Можни се расправии со соседите. Внимателно со возењето.
Jарец
Денес сте лошо расположени. Незадоволни сте со финансиската ситуација, што може да биде причина за кавги во семејството. Сепак, од партнерот може да очекувате поддршка. Здравјето ви е добро.
Водолија
Ова не ви е поволен ден за комуникација. Со партнерот имате несогласувања и расправии, а на работа се можни недоразбирања. Избегнувајте склучување договори. Можно е да влезете во тајна врска.
Риби
Односот со партнерот, главно, е хармоничен, што многу ви значи. На работа се можни извесни промени, на подобро, но се’ уште финансиската ситуација не ви се подобрува. Здравјето ви е нестабилно.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!