Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 25.05.2011 (среда)

Овен
Им одолевате на проблемите, упорно и одлучно истрајувате на сите фронтови. Чувството дека никој не ве разбира е субјективно. Сите ве сакаат и ве разбираат, само тешко допираат до вашето срце. Не очајувајте и бидете трпеливи. Работите ќе се променат во ваша корист.

Бик
Доколку колегите сакаат да ве испровоцираат, немојте да им го дозволите тоа задоволство. Не спуштајте се на ниско ниво, тешко ќе успеете да се вратите во сегашната позиција. Треба да си ја гледате својата работа и да се обидете да ги ублажите нервозата и незадоволството.

Близнаци
Ќе ги надминете благите бранови нервоза уште во почетокот на денот. Занимавајте се со спорт ако сакате да останете со бистра глава. Некои припадници се наоѓаат во страсна љубовна врска. Оние што се уметнички ориентирани, многу се креативни. Ве очекува успех.

Рак
Моќта на имагинацијата е зголемена, па со нејзина помош потрудете се да дојдете до одговор. Воопшто не гледате реално на работите, затоа побарајте совет од соодветно лице. Насочете се на практичната работа ако сакате да ги избистрите мислите.

Лав
Препукувањата со партнерот одат во комбинација со нова љубов. Постојано сте хистерични, а ни сами не знаете зошто. Сакате да му помогнете на блиско лице, но со ваквото однесување само му одмогнувате. Бидете внимателни кога станува збор за здравјето.

Девица
Конечно, почнавте да се однесувате практично, но проблемите што ги имате се од поодамна, па не можете да влијаете на нив, затоа смирете се и чекајте. Послушајте совет од блиските, но не земајте се’ здраво за готово. Посветете му внимание на партнерот.

Терезија
Со некој што е подобар од вас воспоставувате ментален контакт. Доколку лицето што го очекувате не ви се јави, повикајте го вие. Секогаш ви се случуваат непланирани работи, можни се бранови на блага нервоза. Утеха ќе најдете во слатките. Не претерувајте.

Скорпија
Повторно сте насочени спрема љубовта. Но, моментно сте слаби на тој план, затоа концентрирајте се на паметни работи од кои имате корист. Насочете се на она на што можете да влијаете. Трошете ја енергијата на паметни работи, ве очекува голем напредок.

Стрелец
Ќе ви биде тешко ако саканото лице не ви возврати на страстите со иста мера. Пречувствителноста и лошото здравје полесно ќе ги надминат жените. Мажите, и покрај тоа што се нарекуваат посилен пол, само на прв поглед се силни.

Јарец
Возбудени сте, а тоа е поради патувањето што веќе долго време го планирате. Со партнерот имате нерасчистени работи, затоа потрудете се да ги средите за брзо време. Комуникацијата понекогаш не ви помага во она што го работите, дистанцирајте се од околината на одредено време.

Водолија
Под услов да ја сфатите суштината, ќе имате шанса да уживате. Но, доколку почнете да си задавате дополнителни проблеми, очекувајте недоразбирања и од околината. Потрудете се да се одлучите што сакате точно, ја имате поддршката од партнерот.

Риби
Пред вас е возбудлив ден во кој ќе се трудите повеќе да се водите од емоциите отколку од разумот. Одлуките што ќе ги донесете нема да бидат исправни, не претерувајте и стрпете се извесно време. Потребна ви е огромна мудрост и здрав разум за да ги совладате сите стапици.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *