Овен
Ако колегите сакаат да ве испровоцираат, немојте да им го препуштите тоа задоволство. Не спуштајте се на пониско ниво, подоцна тешко ќе можете да се вратите на сегашната позиција. Потрудете се да го ублажите налетот на нервоза.
Бик
Фантастично функционирате на сите полиња. Прекрасно се чувствувате. Задоволни сте со соработката и друштвените контакти. Мирољубиво сте настроени, затоа и ќе профитирате. Таквата состојба потрудете се да ја пренесете на околината, на која и е потребна вашата поддршка.
Близнаци
Се занимавате со спорт и се дружите со деца, а тоа добро влијае на вас. Најсреќните припадници на знакот се смируваат во прегратката на партнерот. Уметнички ориентираните Близнаци ќе бидат мошне креативни. Забавувајте се лудо!
Рак
Моќта на имагинацијата е зголемена, па со нејзина помош потрудете се да дојдете до одговор. Одделувањето од реалноста само ве кочи, потрудете се да најдете адекватни личности кои ќе ве поддржуваат. Во конкретниот случај, насочете се на практични работи и на се’ што носи видливи резултати.
Лав
Постојано размислувате за љубовта, и покрај тоа што на тоа поле сте слаби, насочете се кон попаметни работи, од кои ќе имате конкретна корист. Насочете се на она на што можете да влијаете. Ве очекува убава работа, особено кога ќе го земете предвид големото унапредување кое е на повидок.
Девица
Лесните возбудувања се врзани за патувањето што го планирате. Пречувствителни сте во разните видови на комуникација, затоа пожелно е да престанете и да станете посилни. Ве очекува интересна средба, која ќе ви донесе многу радост. Бидете трпеливи и се ќе дојде на свое место.
Терезија
На моменти заглавувате и не можете да се снајдете. Сесни сте дека проблемите кои ги имате сега се од долгорочна природа, и на нив не можете да влијаете. Потрудете се нечиј совет да прочитате помеѓу редови. Најбитно од се’ е да се смирите и да се слушате себеси.
Скорпија
Доколку ја сфатите суштината ќе имате шанса да уживате. Доколку себеси почнете да си задавате прашања во стилот, што би било кога би било, нема далеку да отидете. Нервозата е неминовна, затоа одлучете се за подобра варијанта. Партнерот ве поддржува, направете го и вие истото.
Стрелец
Брачно партнерските препукувања се во комбинација со нова љубов. Што ви се случува? Очигледно и самите не знаете зошто сте хистерични и покрај тоа што истото лошо влијае на вашето здравје. Во ваква состојба не сте во можност ништо да решите, може само да си направите лошо.
Јарец
Ќе имате проблеми доколку партнерот на вашите страсти не возврати со иста мера. Пречувствителноста и лошото здравје полесно ќе ги пребродат женските претставници. Машките и покрај тоа што се нарекуваат посилен пол, тоа се само на прв поглед.
Водолија
Со некој кој е далеку воспоставувате добар ментален контакт. Доколку истата личност не ви се јави, направете го тоа вие. Секогаш се случуваат непланирани работи, можни се бранови на блага нервоза, која само би долеала масло на огнот. Потрудете се на мирен начин да ги решите проблемите.
Риби
Пред вас е возбудлив ден во кој се трудите да функционирате повеќе со емоции отколку со разумот. Одлуките нема да бидат исправни, затоа стрпете се извесно време. Потребно е многу мудрост и здрав разум за да ги совладате замките и да ги преземете работите во свои раце.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!