Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 23.06.2011 (четврток)

Овен
Во добро расположение сте, иако немате причина за тоа. Планирате патување од кое многу очекувате. Бидејќи, сепак, мора да се одложи тоа, вооружете се со трпение. Планетите укажуваат дека денот е поволен за пишување. Искористете го тоа.

Бик
За наглиот оптимизам и самоувереност заблагодарете му се на партнерот кој ве поддржува во се’. Наредните дена ќе блескате на сите полиња. Важно е да знаете што сакате, а планетите ви помагаат да истраете. Треба да го одбегнете себичното и диктаторското однесување спрема околината.

Близнаци
Во наредните дена парите, едноставно, се убави за вас. Бидејќи сакате да уживате во убави и луксузни нешта, ќе се обидете да си ги дозволите. Не сте лице што чека парите да и’ паднат од небо. Активно се трудите да ги заработите, но важно е да научите да ги делите работите со другите.

Рак
Ќе бидете во ситуација некому да му направите услуга, а таа улога тешко ќе ви падне. Доколку не сте задоволни, знајте дека сами сте си најголем непријател. Ако не знаете да го осмислите животот, размислувајте во таа насока. Не е пожелно да се оптоварувате со ситници, бидејќи сте склони кон психосоматски болести.

Лав
Извесно време ќе се најдете во ситуација да се занимавате исклучиво со лични работи. Бидејќи околината ви помага, успехот е загарантиран. Размислувајте за нови начини како да го решите проблемот со партнерот. Тој почнал да се повлекува и да станува имун на вашите сонувачки погледи.

Девица
По кратки паузи и емотивни лутања, повторно почнавте нормално да функционирате. Во желбата да ја докажете сопствената важност, ќе бидете исклучително успешни. Не се чувствувате пријатно од помислата дека со некого само сте го губеле драгоценото време. Повторно почнувате разумно да размислувате.

Терезија
Мечтаете за луксузни работи што не можете да си ги дозволите. Многу Терезии ги очекува авантура што ќе се претвори во нешто сериозно. Љубовта ви помага да заборавите на егзистенцијалните проблеми. Бидејќи се работи за широк спектар на чувства, тоа не мора да значи дека се однесува на лице од спротивниот пол.

Скорпија
Во фаза сте на регенерација. Начинот на кој го правите тоа е фасцинантен. Како до вчера да не сте биле соочени со големи проблеми. Убави сте и подготвени да реагирате на предизвиците како никогаш досега. Ќе имате додворувач со астролошки знак Близнаци или Девица. Можни се финансиски проблеми поради неконтролирано трошење пари.

Стрелец
Пред вас е токму онаков ден каков што посакувате. Дружење, партнерство, хармонична емотивна атмосфера. Уште да сфатите дека желбите на партнерот се еднакво важни како вашите. Бидејќи станува збор за лице на која може да се потпрете, посветете му поголемо внимание.

Јарец
Веќе подолго време планетите немилосрдно влијаат на вашето расположение. Никој не е доволно добар за да го заслужи вашето внимание. Се насочувате кон работата, бидејќи чувствувате потреба конкретно да се искажете. Физичката слабост ќе ја надминете само со позитивен пристап кон животот, правилна исхрана и одмор.

Водолија
Овие денови ќе имате повеќе среќа отколку памет, не само со партнерот, туку и со креативната работа. Можеби тоа е една од причините за магнетската фатална привлечност. Само Терезија е подготвена да ве прифати безрезервно.

Риби
Добро се чувствувате, но многу време ќе поминувате дома, што е и главен центар на случувања. Една од причините за тоа е што работата директно е поврзана со пишување. Спречете ги психосоматските проблеми. Обидете се преку анализа да дојдете до некои одговори.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>