Top

Хороскоп за 23.09.2011 (петок)

Овен
Вредно работите за да ги остварите целите, било материјално или духовно. Бидејќи сте друштвени и толерантни, ве очекува пријатен и комуникативен ден. Енормна количина енергија вложувате во креативни задачи, што многу ќе ви се исплати.

Бик
Конфликтната ситуација е евидентна, а и фактот дека не ви е лесно. Благодарение на движечката сила, ќе остварите исклучителни резултати, па не обрнувате внимание на ситните препреки. Тие се нормален тек на околностите, а Јарец наскоро ќе остане само бледа сенка.

Близнаци
Се чувствувате слободно како птица на гранка, па покажувате заби на секој што се обидува да ви го расипе расположението. Бидејќи постои опасност од сообраќаен удар, мора да бидете дополнително внимателни.

Рак
Успешен период за Раковите што се занимаваат со политика или за тие што ги потиснуваат сопствените интереси поради општествените. Доколку ви се укаже можност некој да ви довери пари на чување, немојте да се плашите.

Лав
Бидејќи сте страшно тврдоглави, трпат вашите брачно-партнерски односи. Некој мора да попушти, а вам ви здодеало тоа да бидете вие. Планирате како да го изненадите постојаниот партнер. Нема да ви успее, бидејќи тој станал отпорен на вашите шокови.

Девица
Влезени сте во одличен период за работа. Ако претерате, можете да се разболите. Наредните денови од вас се очекува смиреност во се’, посебно во исполнување на работните задачи. Виталноста ве предупредува дека мора да се занимавате со спорт за да ја зачувате формата.

Терезија
Импулсивни сте и превртливи. Бидејќи тоа не се ваши особини, се чудите сами на себе. Се обидувате нешто да промените, но тотално сте збунети. Занимавањето со спорт и со децата ви помага на извесен начин да се консолидирате. И партнерот бара внимание од вас.

Скорпија
Чувствувате силна потреба да се обезбедите за црните денови. Тоа не е лоша особина, доколку никого не загрозувате. Периодот пред вас е добар и за занимавање со недвижности, селидба, па тргнете во акција. Една Водолија ве поддржува во многу работи. Ни Бикот не е рамнодушен.

Стрелец
Имате успешен деловен период, проследен со контакти и со потпишување договори. Имате добра астролошка поддршка. Пожелно е да соработувате со личност родена во знакот на Овен или во Близнаци, но и Девицата не е лошо решение.

Јарец
Вредно работите, додека планетарните аспекти ви укажуваат да го намалите темпото. Сепак, се поднесувате во границите на нормалата, бидејќи сте мотивирани. Тоа се однесува и на заработката. Кога сте тргнале во акција, добро проценете.

Водолија
Со самодоверба и со брзи акции ќе го решите тоа што до вчера изгледало невозможно. Бидејќи постои опасност од повреди, чувајте се. Зрачите со енергија, но сте прилично нестрпливи, а тоа може да има и лоши последици. Доколку не успеете да ги совладате препреките, здравјето ќе ви биде на удар.

Риби
Се чувствувате како да не можете од себе да ја исфрлите негативната енергија. Како по обичај, ја преувеличувате ситуацијата. Мора да функционирате појако и поодлучно од тоа што можете. Навикнувајте се.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *