Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 23.05.2011 (понеделник)

Овен
Премногу оган е присутен во моменталните случувања. Одлично се чувствувате бидејќи топлината ви годи. Обидете се да не влегувате во конфликт со околината и да најдете внатрешен мир. Тоа не ви е силна страна, но паметни сте и знаете што сакате и ќе успеете да ја надмините вашата слабост.

Бик
Бидејќи премногу сте се забавувале, сфаќате дека таквиот начин на живеење повеќе не ви одговара, па се насочувате кон љубовно освојување и смирување. Работата тешко ви оди, бара многу вложување труд, но затоа во слободните моменти ќе се опуштите во друштвото на саканата личност.

Близнаци
Доколку барате поддршка од околината, немојте да се вознемирите ако не ја добиете. За некои работи мора сами да одлучите, да се ангажирате повеќе, поради што постои опасност од нервна напнатост. Извесната ситуација е ризична, но доколку ризикувате, можеби, сепак, ќе добиете нешто.

Рак
Подготвени сте да ги остварите барањата на околината. Алтруистички сте расположени, а тоа ретко ви се случува. Тоа ќе ви биде сосем доволно за во тешките моменти да имате цврста потпора. Треба да бидете помалку годреливи, а повеќе да барате ако сакате да водите лесен и мирен живот.

Лав
Немате време за губење. Бидејќи сте свесни за тоа, вложувате дополнителни напори за да го постигнете максимумот. Внимавајте на срцето бидејќи само така ќе избегнете некои повреди. Водолија врши атак врз вашата личност, а причина за тоа е можноста дека и’ се допаѓате.

Девица
Сите обврски ќе мора да ги ставите на вашиот грб. Бидејќи сте дозволиле околината да ве доживува како личност способна за се’, која не умее да каже не, мора да запнете. Одвреме-навреме од ракавот извлекувате ситна лага и изговор за да се ослободите од досадните луѓе.

Терезија
Одличен ден за љубов и за емотивно задоволство, но прилично лош за работа. На тој план нештата тешко се одвиваат и бараат дополнителна сила, а вие ја немате. Затоа се свртувате кон партнерот или новата симпатија доколку сте слободни. Водолија, Стрелец и Лав имаат предност во хиерархијата што сте ја поставиле за себе.

Скорпија
Се наоѓате во конфликтна ситуација. Наместо да ги обвинувате другите, обидете се да го пронајдете својот дел од одговорноста доколку сакате да ја надмините кризата. Ви се препорачува конструктивно размислување во љубовната врска во која сте. Имате многу прашања на кои им е потребен сериозен пристап за да се одговорат.

Стрелец
Зголемете ја дозата на реалноста бидејќи преголемите очекувања ќе ве доведат до незавидна состојба. Тоа, пред се’, се однесува на деловната страна и на финансиските вложувања. Пожелно е добро да размислите пред да тргнете во акција. Партнерот ве поддржува во се’.

Јарец
Зголемениот прилив на енергија и желбата за успех ви помага да ги совладате тешкотиите и да постигнете деловен успех. Бидејќи сте ги истрошиле сите свои мотиви, можни се расправии со партнерот поради желбата да добиете поддршка од него. За жал, тоа ќе изостане, но вие ќе се потрудите да не биде така.

Водолија
Надевајте се на добивка од игрите на среќа. Пред вас е напредок, признавање и успех во материјалната и духовната сфера. Доколку ја разберете слабоста на околината и ги избегнете возбудувањата и расправиите, уште повеќе ќе уживате во пријатните случувања во семејството.

Риби
Сентиментални сте не само за тагата на другите, туку и за нивното добро расположение. Затоа избирајте поведри лица, смејте се и радувајте се бидејќи тоа е мелем за вашата душа. Можна е несоница.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *