Овен
Работите кои изгледаат невозможно за вас стануваат можни, но за тоа не треба гласно да се зборува. Понекогаш е нужно да се употреби „тајна формула“, која носи голем успех и лично задоволство. Докажете дека поседувате професионални манири. Во средба со саканата личност се изгледа идеално.
Бик
Планот кој упорно се обидувате да го остварите во кругот на соработниците, не претставува и најдобро решение за заедничките интереси. Затоа не ги затворајте очите пред фактите кои укажуваат на погрешна деловна процена. Понекогаш поставувате строги услови или погрешни прашања.
Близнаци
Сакате да направите ред во својата околина, но не го постигнувате саканиот ефект. Постојат ситуации кои бараат голем напор и на крајот не се во корист на решавањето на деловните проблеми. Добро проценете ги своите можности. Подобрете ја концентрацијата.
Рак
За да добијат некои нешта вистинска смисла, морате работите да ги протолкувате во договор со блиската околина. Не бидете пред другите или наспроти оние кои ви се важни. Не треба да се оптоварувате со емотивни дилеми, понекогаш не можете да ги добиете сите одговори.
Лав
Премногу лично доживувате разни ситуации и поради тоа правите погрешни деловни процени. Внимателно слушајте што зборуваат вашите соработници, наместо работите да ги проценувате само врз основа на лични критериуми. Ве следи нова емотивна дилема. Партнерот изненадувачки е задоволен.
Девица
Обрнете внимание на новите информации, бидете во тренд или пред другите кога се решаваат важни деловни дилеми. Одговорете афирмативно во друштво на соработниците и прифатете креативни идеи. Ако сакате се да функционира беспрекорно во љубовниот однос, морате дa имате добра волја.
Терезија
Некој во вас поттикнува креативна енергија и мотивација за работата со која се занимавате. Вашата околина има позитивна улога во различни ситуации, потребно е да ги усогласите заедничките интереси и деловните цели. Имате добро претчувство, неодоливи сте за вашиот партнер.
Скорпија
Нечие објаснување звучи неразумно, поради тоа ве очекува расправа со соработниците. Премногу очекувате од околината, бидете реални и намалете ги своите почетни критериуми. Понекогаш и малиот успех претставува значаен потег. Изгледате премногу вознемирено, но не можете некому да ја наметнувате својата волја.
Стрелец
Личното достоинство или гордоста не ви дозволува да се впуштите во расправа со соработниците. Додека вие навалувате кон решение, некој друг има сомнителни идеи и упорно се обидува да ви го наметне своето влијаније. Предизвикувачката емотивна авантура може да ве доведе во непријатна ситуација.
Јарец
Потребно е реално да ја процените ситуацијата на деловен план. Она што убаво звучи, понекогаш е далеку од реалноста. Изгледате внимателно и не верувате во се што ќе видите или чуете. Несигурноста која ја чувствувате произлегува од емотивната слабост или неспособност.
Водолија
Имате добро претчувство, вложувате огромна енергија и прифаќате деловен ризик. Сите придружни компликации на патот до саканата цел стануваат неважни. Задоволството во средбата со драга личност дејствува поттикнувачки на вашето расположение. Уживајте во нештата кои емотивно ве зближуваат.
Риби
Потребно е да одговорите на нечија понуда за деловна соработка. Нема потреба да тактизирате со работи кои ви се познати. Забрзајте ги ситуациите кои влијаат на нивото на заеднички резултати. Ви недостига емотивна инспирација, ама не сакате да и се доверите на личност која ви поставува премногу директни прашања.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!