Овен
Се’ тешко ви паѓа. Потребни се многу сила и нерви за да можете да работите, а вие моментално сте многу изнемоштени. Поради тоа моменталната ситуација ја доживувате како стапица. Ви се советува одмор и разонода. Работата може да почека поповолен момент.
Бик
Полни сте со сила и желба таа сила да ја употребите на адекватен начин. Постои опасност од повреди, бидејќи поради намаленото внимание и лошата концентрација може се да се случи. И вербалните конфликти се во игра. Само одмерено и со разумни гестови.
Близнаци
Припадниците на знакот се свртени кон практични нешта и затоа може да имате проблеми, за разлика од оние помалку практичните, кои се занимаваат со уметност и паранормални феномени. Близнаците што функционираат на груб материјален план тешко ќе си објаснат зошто им се случуваат непријатни работи.
Рак
Пречувствителни сте, сакате да се карате. Јазикот ви е побрз од паметот. Не дозволувајте поради погрешно изговорените зборови да дојдете во непријатна ситуација. Оној со кого може да се случи тоа е човек што не заборава лошо. Не е пожелно да се објаснувате, туку само чекајте го страшниот ден.
Лав
Успешен ден за разни трансакции, игри на среќа и берзански шпекулации. Финансиската ситуација се поправа. Можеби токму поради тоа добро се чувствувате. Партнерот ве опсипува со поголемо внимание отколку што сте заслужиле. Уживајте.
Девица
Финансиската ситуација е благо критична, така што сите мисли и енергија се насочени кон неа. Мора да бидете внимателни кога е во прашање трошењето на парите и потпишувањето чекови. Можни се стомачни проблеми, и тоа е поради погрешна исхрана.
Терезија
Свесни сте за работите што треба да ги извршите и тоа го правите без паника. Со самото тоа ви е потребно помалку време, а резултатите се видливи. Партнерството, јавноста и разните видови комуникација, исто така, се во игра. Од моменталната ситуација извлекувате максимум.
Скорпија
Во фаза сте на силни емотивни преживувања, па по малку сте загрижени. Тоа е нормално, бидејќи многу очекувате од извесна ситуација. Што и да се случи, конечниот расплет ќе биде следниот месец. И покрај се’, пред вас е успешен ден, а главниот акцент е врзан за љубовта.
Стрелец
Потребно ви е малку време за своја душа. Се ангажирате за други, посветени сте на работата, па ги занемарувате своите суштински потреби. Слободните моменти поминете ги во нешта што ви прават задоволство. Целосно исклучете се од другите обврски, така ќе се релаксирате.
Јарец
Успешен ден е пред вас. Се наоѓате во состојба кога можете активно да влијаете на случувањето и од животот да го земете она што ви треба. Доколку мислите дека се’ се врти околу парите, се лажете. Има толку работи што можат да ви го разубават животот, љубовта, на пример.
Водолија
Имате сила и желба да се изборите со актуелниот проблем кој објективно постои. Успешни сте како на работа така и во приватниот живот. Опасноста може да се јави во вид на желба за доминација и тврдоглавост. Внимавајте од повреди, посебно во сообраќајот.
Риби
Во потрага по промени, се одлучувате за пат или за нова активност. Трпеливо и истрајно ги завршувате работите што се собраа во меѓувреме. Кој ви е крив кога само започнувате се’, а ништо не завршувате. Ви годи самотијата, така што слободните моменти со задоволство ги минувате во тишина.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!