Top

Хороскоп за 19.09.2012 (среда)

Овен
Обидете се да се дистанцирате од околината, колку што е можно повеќе. Сите ние имаме проблеми, така што првенствено мораме да се концентрираме на нивно решавање. Од туѓите треба да се бега посебно ако ве оптоваруваат. Што вреди да се задлабочувате во работи на кои не можете да влијаете.

Бик
Инвестиравте во врска или работа, а претходно не размисливте добро. Сега поради тоа се каете. Свртете се кон новите содржини, занимавајте се со уметност и други убави нешта, за да ја пребродите кризата. Најдете „вентил“ за да го исфрлите од себе незадоволството што ве следи.

Близнаци
Хиперактивен ден. Барем не мислите на здравствените проблеми, бидејќи сте окупирани со работа. Помладите припадници на овој знак размислуваат за патување, а постарите се опседнати со начините да заработат пари. Засилете го оптимизмот и не тежнејте по секоја цена кон успех.

Рак
Конечно можете да здивнете. Некои работи се искристализираа, па сега знаете на што сте. Доколку бидете поразумни, ќе можете од ситуацијата да извлечете максимум. Тоа се однесува на партнерот, со кој морате да го промените начинот на комуницирање.

Лав
Сакате многу идеи и планови да ги спроведете на дело, а не сте свесни за можностите. Тоа доведува до максимално исцрпување на нервите, а со самото тоа и склоност кон повреди. Бидете внимателни во сообраќајот, бидејќи вршење повеќе работи одеднаш ја смалува концентрацијата, па можноста да се повредите е поголема.

Девица
Дишете со полни гради. Задоволни сте и среќни. Добивте сe на што се надевавте. Уживајте во денот кој е пред вас, потрудете се да биде што поразновиден и креативен. Не дозволувајте да ве совладаат црни мисли. Ја имате поддршката на пријателите.

Терезија
Одличен ден за љубов. Убаво се чувствувате. Ако тргнете во акција во друштво на Овен, ќе биде супер. Кажете му ги сите убави нешта кои подолго време ви лежат на срце, а на кои, поради оптовареност со грижи, сосема заборавивте. Надевајте се наскоро на големи промени.

Скорпија
Здрави сте, јаки, барем моментално. Тоа ви помага да вложите големи напори за да пребродите извесен проблем. Морате да се приспособите на туѓите правила на игра, што нема да ви биде лесно. Иако ќе има видливи резултати, морате да бидете внимателни, зголемената склоност кон незгоди е опасна.

Стрелец
Тргнувате во нови потфати. Тие се однесуваат на уметноста, љубовта и другите нешта. Создавате животни услови. Бидејќи некои работи сте ги расчистиле само со себе, на нов начин им пристапувате на проблемите. Менувајќи се себеси, го менувате и односот кон другите.

Јарец
Незадоволни сте поради деструктивните влијанија од страна и мислите дека можат да ви ја поматат среќата која е на повидок. Морате со сите сили да се спротивставите на овие влијанија и да преминете од зборови на дела. Ситуацијата е, за среќа, минлива. Бидете разумни и стрпливи.

Водолија
Доколку упорно инсистирате на перфекционизам, незадоволството е неизбежно. Затоа бидете оптимист и гледајте на поубавата страна на нештата. Позрелите припадници на овој знак моментално се во фаза на вљубеност, но се несигурни во себе и во својот шарм.

Риби
Исклучително креативен и пријатен ден. Во свој елемент сте. Се занимавате со нешта кои ги сакате, сами на себе сте си доволни. Кога би можеле само да владеете со себе како што тоа го правите во овој момент. Причините за добро расположение се: вљубеност и деловен успех.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>