Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 18.04.2011 (понеделник)

Овен
Самодовербата кај вас се враќа на голема врата, па ќе бидете слободни да кажете нешто за кое подоцна можете да зажалите. Затоа внимавајте што кажувате пред околината и потрудете се да уживате во вашите пет минути без претерување. Коментарите се добредојдени само доколку никого не го навредат.

Бик
Она што другите го очекуваат од вас се судрува со вашата замисла за тоа како сакате да настапите пред околината. Доколку не ја добиете шансата да се покажете во вистинската светлина, ќе се почувствувате издадени од оние кои многу ви значат. Пред да се потрудите да ги импресионирате вашите најблиски, слушнете што имаат да ви кажат.

Близнаци
Не обидувајте се да бидете скромни кога реално имате потреба да ги прашате вашите најблиски за совет или да побарате помош од нив. Убаво е чувството кога имате на кого да сметате тогаш кога ви е најпотребно. Дури и доколку сте сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор, сепак, мала консултација нема да ви наштети.

Рак
Не обидувајте се да ги рационализирате вашите акции, туку однесувајте се инстинктивно и нема да погрешите. Вашата интуиција многупати се покажала како успешна, па и овој пат сте на вистинскиот пат. И покрај широката палета информации, точна е само онаа што се согласува со вашиот разум.

Лав
Слабиот имунитет ве тера да мислите дека сте на чекор до пропаѓање. Театралноста за вас не е нова карактеристика, умеете да претерувате непотребно. Станува збор само за мал пад на енергијата, кој постепено ќе го достигне нивото на кое сте научени. Само бидете трпеливи и не правете сцени без причина.

Девица
За вас се’ мора да биде проверено и точно, па затоа процесот на донесувањето конечни одлуки оди бавно. Можеби и имате право кога сакате секоја информација да ја проверите од секој извор, пред да ја ставите во вашата мозаична слика. Внимавајте од каде ви пристигнуваат податоците и кој се обидува да ви го сврти вниманието на друга страна.

Терезија
Денот најавува убави случувања, пред се’, на емотивен план, со што конечно ќе успеете да го смирите вашиот дух и да се посветите на моментите со партнерот. Што се однесува до работата, лицата родени во овој знак се познати по својата мрзлива природа, па соработниците ќе реагираат на таквиот индиферентен однос. Внимавајте на озборувањата.

Скорпија
Позитивното размислување може да доведе до промена на работите во професионалниот и во емотивниот живот. Можеби е крајно време да ја прифатите реалноста и со поголем оптимизам да гледате кон нештата и кон иднината во целина. Избегнувајте ги судирите од каков било облик, бидејќи нервниот систем се’ уште е на удар.

Стрелец
Се’ ви се чини поважно од работите кои се случуваат околу вас и проблемите на кои наидувате. Не дозволувајте одредени нешта да ви избегаат, за кои подоцна нема да имате шанса да ги вратите во игра. Најдобро би било доколку сите важни одлуки ги донесувате полека и без брзање, со цел да воспоставите подобра рамнотежа со сами себе.

Јарец
Бидете претпазливи и добро размислете пред да ја прифатите понудата од страна на вашите соработници и претпоставени. Колку и да изгледа совршено, ако малку подетално ги процените нештата, ќе сфатите дека сте на чекор да влезете во игра од која многу тешко ќе излезете. Советот од вашите најблиски би можел поволно да влијае врз вас.

Водолија
Воопшто не сте реални кога станува збор за оценување на реалната слика околу вас. Не сте свесни дека логиката не можете секогаш да ја оправдувате со вашите цели. Ситуацијата налага да размислувате малку повеќе од вообичаено, па затоа внимателно донесете ја конечната одлука. Поразите доаѓаат ако не реагирате навреме.

Риби
Денес вашата самодоверба ќе предизвика да се чувствувате супериорно и да го постигнете она што најмногу ве интересира. Иако понекогаш не знаете да поставите личен лимит до каде можете да одите, сепак, ова е ваш период, па ќе умеете да се справите со нештата.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *