Top

Хороскоп за 17.10.2012 (среда)

Овен
Имате впечаток дека луѓето не ве разбираат ниту вас ниту вашите постапки, зашто колку и да се трудите не го постигнувате саканиот ефект. Ослободете се од некои дополнителни обврски и одморете се. Најдете начин за релаксација. Не расправајте се со околината, бидете позитивни.

Бик
Изгледате вознемирено, не можете да прифатите нечија одлука. Залудно ја повторувате приказната која не носи сакан ефект. Потрудете се да ја подобрите концентрација. Вие не сакате натпреварувачка атмосфера, а посебно ако некој ви ја наметнува.

Близнаци
Некои ситуации претставуваат увертири за нов стил или емотивно освојување. Слободното време посветете го на рекреацијата и релаксирајте се. Партнерот ви посветува огромно внимание и знае да ве насмее со своите идеи. Потребно е да верувате во она што го работите.

Рак
Тешко ви е правилно да процените нечии постапки, вие секогаш се губите преценувајќи ги сопствените можности. Нема потреба да се занесувате со големи желби и нечии ветувања. Избегнувајте расправии кои се однесуваат на работни задачи.

Лав
Доколку ве радува нечие внимание нема причина да се загрижувате, оставете ја вашата интуиција малку настрана и целосно предадете се на емоциите. Изгледате задоволно и чувствувате емотивен занес. Престанете да контактирате со една недоверлива личност.

Девица
Побарајте добар совет и заштитете се. Не можете да занемарите нечие влијание, но секогаш постои друго решение. Избегнувајте афективно однесување. Бидете промислени и не дозволувајте лесно да ве заведат нечии комплименти и манири. Зачувајте ја присебноста.

Терезија
Важно е правилно да се разбирате со соработниците и да ги почитувате основните правила во деловно-финансиската соработка. Секој треба да одработи она што е дел од неговата работа на најдобар начин и без претерано експонирање. Нема причина да бидете ситничави.

Скорпија
Прифатете нечија сугестија, важно е да ги пласирате своите идеи на вистинското место или во друштво што ви одговара. Не донесувајте избрзан заклучок врз основа на првиот впечаток. Добро размислете за различни опции. Ако ве мачат емотивни дилеми, искрено разговарајте со саканата личност.

Стрелец
Заинтересирани сте за различни работи и сакате да го наметнете своето мислење пред соработниците. Ве привлекуваат некои деловни предизвици и можноста да ја испробате својата способност под необични услови. Се наоѓате во одлична психофизичка форма.

Јарец
Посакувате ново емотивно искуство. Кај вас провејува романтично расположение, а саканата личност искрено сака да ви угоди. Поттикнувате кај себе оптимизам и добро расположение. Бидете упорни во своите намери и секогаш обрнувајте внимание на деталите.

Водолија
Добро ќе ви дојде прошетка или планинарење, време е да почнете да се занимавате со некаква спортска активност, калориите не можат да согорат сами од себе. Посветете и внимание на личноста која позитивно влијае на вашето расположение.

Риби
Некој се обидува да ги диктира правилата на деловно однесување. Имате впечаток дека од вас се очекува повеќе отколку што сте во можност да направите, затоа чувствувате непријатност пред една постара личност. Не давајте лекомислени ветувања.

Извор: Утрински Весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>