Top

Хороскоп за 17.08.2012 (петок)

Овен
И покрај тоа што не се плашите од опасност не значи дека истата ќе ве заобиколи. Само со разумни постапки ќе успеете да избегнете насилство. Имате способност за донесување на одлуки во најтешки моменти. Потрудете се да ја пребродите кризата.

Бик
Ги преценувате своите можности, а тоа подоцна може да влијае на нервниот систем. Слободните моменти искористете ги за занимавање со хоби. Задолжително шетајте по вода, таа ќе ве поттикне да размислувате повеќе.

Близнаци
Денот е како создаден за љубов. Кога подобро ќе размислите, секој ден е добар за тие работи, но вие не сте секогаш во елемент. Искористете ги поволните планетарни аспекти. Постарите припадници на знакот ќе се фокусираат на домот и децата.

Рак
Влијанијата на планетите се поволни за остварување на интелектуални и тимски соработки. Очекувајте успех и со партнерот. Ви одговара дружењето со креативни млади луѓе. Кон се сте субјективни, бидете реални при донесувањето на заклучоци.

Лав
Не обрнувате внимание на личности кои ви пречат и се критични кон вас. Не можете да угодите на секого, но се што правите со позитивна тенденција остава добар впечаток на вашите соработници. Уживајте во убавите работи од животот.

Девица
Се трудите да се смирите, а доколку никој не го загрози вашиот личен интегритет, ќе успеете. Нема да бидете во ситуација да ги провоцирате другите. Тие си играат со вашата трпеливост, потрудете се до вас да не допрат негативните вибрации.

Терезија
Се трудите да побарате совет од пријателите , кои се подготвени да ви помогнат во секој миг. Доколку некој проба да ги оспори вашите квалитети ќе биде во неволја. Партнерот е постојано со вас и се труди да ви помогне со секој момент.

Скорпија
Околината прави се што е во нејзина моќ за да ви го упропасти денот. За жал не мора многу да се труди, прилично сте напнати. Избегнувајте расправии со партнерот. Утеха треба да барате во дружењето, ако не со блиските, барем со книгите.

Стрелец
Потрудете се да ја изберете вистинската личност за соработка. Пред вас е исклучително успешен ден по што ќе бидете задоволни. Кога работите ќе тргнат во нормален тек , продолжуваат така да се нижат. Ви пристигнува финансиската добивка.

Јарец
Не успевате да предвидите нечиј одговор, ниту пак да воспоставите добар однос со соработниците. Немате причина да бидете нервозни, побарајте морална и материјална поддршка. Партнерот вешто ги игнорира вашите идеи, потрудете се да го сфатите значењето на таквото однесување.

Водолија
Големи пари се во игра, но нека не ве изненадат ако задоцнат малку. Работите ќе тргнат на подобро на почетокот на следниот месец, по што ќе сфатите дека беспотребно паничевте. До тогаш вреди да се почека.

Риби
За да имате нормален ден ќе мора да ги совладате препреките. Не примате совети па затоа и ви преостанува да се учите на сопствените грешки. Тоа е болно, но се памети. Се обидувате добро да функционирате во брачните или партнерските односи.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *