Top

Дневен хороскоп – 17.08.2011 (среда)

ОВЕН
На работа ве очекува состанок со многу влијателна личност. Исходот ќе биде многу поволен. Финансиската ситуација е стабилна. На емотивен план е убаво. Ви се наближува заедничкото заминување на одмор.

БИК
На деловен план ситуацијата е променлива. Ве очекува поголема парична добивка од некого во семејството. Нечија домашна посета емотивно ќе ве растресе. Здравјето е сосема стабилно.

БЛИЗНАЦИ
На работа вложувате дополнителни напори заради подобрување на финансиската ситуација. Постои можност да почнете да работите дополнителна работа. На емотивен план партнерот постигнува успех. Здравјето е стабилно.

РАК
Денес се’ што ќе кажете ќе биде многу значајно. Со партнерот тешко воспоставувате стабилност. Немате слични потреби, а ни ставови, па често доаѓа до расправии. Потребно е малку да се осамите.

ЛАВ
Немате потреба да размислувате на работа. Ништо не може да ја загрози вашата позиција. Комуникацијата е добра. Во семејството ве очекуваат поволни промени. Некој ќе дојде до голема сума пари. Потребен ви е одмор.

ДЕВИЦА
Конечно, успевате да го подобрите начинот на работење во ситуација кога тоа не е ни малку лесно. На полето на финансиите немате проблеми. Можна е парична добивка. На љубовен план, емоциите кон партнерот ви варираат.

ТЕРЕЗИЈА
Размислувате за нови деловни вложувања и знаете дека сте на вистинскиот пат. Загуба не е можна, но, сепак, се’ внимателно испланирајте. Трошоците се извесни, но многу брзо ќе остварите профит.

СКОРПИЈА
Почнавте да доцните со завршувањето на работните задачи, па потрудете се да го измените тоа и нема да има компликации. Финансиите се постабилни. Со радост ќе потрошите одредена сума пари на шопинг.

СТРЕЛЕЦ
Многу ви е важно денес да повлечете паметни потези кога станува збор за работата. Многу работи ќе зависат од вас. Познанството со влијателна личност повеќекратно ќе ви биде од корист. На емотивен план ве очекува мала напнатост.

ЈАРЕЦ
Ви претстои краток пат поради работа. Финансиската ситуација моментално е добра. На емотивен план на моменти сте незадоволни иако не е се’ така лошо како што мислите. Наскоро ќе ви биде изненадувачки убаво.

ВОДОЛИЈА
Работата за друг ви одзема многу енергија, па ќе почнете посериозно да размислувате за отворање сопствен бизнис, но, сепак, почекајте со реализацијата. Не е поволен момент за тоа. Здравјето е чувствително.

РИБИ
Имате можност да ги споите работата и задоволството, па сторете го тоа. Не одбивајте ги можностите што ви се укажуваат. Се’ ќе оди како што треба се’ додека сте олабавени и позитивни. Финансиите се променливи.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *