Top

Хороскоп за 17.02.2012 (петок)

Овен
Ве следи чувство дека сте слабо информирани за работите околу вас. Потрудете се да го пронајдете идеалниот партнер за себе. Ќе се чувствувате среќно и задоволно. Имате лоша навика – се расфрлате на сто страни, а ништо не реализирате. Комуницирајте колку што можете повеќе.

Бик
Сакате да се занимавате со сериозни проблеми. Очигледно не сте свесни какви последици носи тоа. Дистанцирајте се од се’ ако сакате околината нормално да ве прифати. Проблем имате со лице од минатото. Внимавајте на слатките работи, можни се проблеми со шеќерот во крвта.

Близнаци
Научете дека нема полза од празни разговори. Авантуристи сте, па затоа е потребно да се дружите со позитивни лица, мора да го реорганизирате времето ако сакате да се снајдете со околината. Не трудете се да го држите партнерот под контрола.

Рак
Од партнерот барате невозможни работи, ако почнете да работите на себе, постои шанса и да ја спасите врската. Направете промена на неколку полиња. Во ниту еден случај не препуштајте му се на алкохолот. Единствената светла точка ви се финансиите.

Лав
При ненадејни промени на деловна сцена или при необични ситуации, мора да дејствувате многу свесно. Вашите идеи се вклопуваат со оние на соработниците, бидете внимателни. Случувањата од вашиот љубовен живот не треба да привлекуваат внимание.

Девица
Чувствувате дека ништо не ви оди од рака. Не губете надеж, таа треба последна да исчезне. Одредени случувања ќе направат да се чувствувате поемотивно. Внимавајте на добрата храна и пешачете во природа. Ставете се себеси на прво место.

Терезија
Потрудете се дел од вашите мани да ставите под контрола, зашто преголемата амбициозност може да ви донесе само негативни влијанија. Затрупани сте со разни обврски, па немате време за љубов, партнерот се чувствува запоставено.

Скорпија
Сакате да дејствувате на многу полиња, енергични сте, кога ќе наумите нешто, тешко можат да ве сопрат. Потрудете се да ги одбегнете проблемите со финансиите, партнерот ве обожава, поминете го секој слободен миг со него.

Стрелец
Се’ што ќе посакате ви се исполнува. Ќе забележите делумен успех, но бидејќи сте перфекционист, нема да бидете задоволни. Ќе го фасцинирате саканото лице со својот скриен шарм. Потрудете се да се сконцентрирате на она што ви е важно во животот.

Јарец
Добрата процена и организираноста ќе ви донесат успех. Секогаш знаете што сакате и тоа дава резултати. Оставете ги настрана нервозите. Љубовта ви цвета, што не значи дека е забранета нова авантура. Посветете си внимание себеси.

Водолија
Самоиспитувањето ќе даде резултат, работите ќе тргнат на подобро. Чувајте се од повреди во сообраќајот. Обидете се да бидете помалку себични, посебно кога станува збор за партнерот и семејството. Внимавајте на храната, но и на пороците.

Риби
Опкружени сте со луѓе на кои не можете да им верувате. Расположението ви е променливо, па ова е вистински период да смените нешто кај себе. Потрудете се да ги реализирате сите идеи. Не олабавувајте се премногу, се’ што е убаво, кратко трае.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *