Top

Хороскоп за 16.11.2011 (среда)

Овен
Намалете ја малку тензијата и пронајдете задоволство и во другите нешта. Некоја личност од вашата околина, сериозно е заинтересирана за вас, но вие постојано се обидувате да го негирате тоа. Можеби сте на чекор да испуштите добра шанса за убава емотивна врска.

Бик
Тоа што ви оди од рака комуникацијата со соработниците можете многу лесно да го искористите во своја полза. Во емотивниот живот време е да внесете малку живост и да ја разбудите вашата биковска страст. Здравјето е поврзано со хормоните и жлездите, па внимавајте во деновите кога се слави да не претерувате.

Близнаци
Внимавајте вашата незаинтересираност да не претера, бидејќи многу лесно може да се случи партнерот да замине од вашиот живот, па неговото место да остане празно. Доколку пак сте слободни, постои личност која ужива во вашето друштво, само треба да погледнете подобро за кого станува збор.

Рак
Преземете ја улогата на лидер и покажете како добро умеете да се справите со големи проекти. Наместо да барате љубов, романтиката ќе ја пронајдете во нешто друго. Можеби периодот и не е поволен за почеток на нова љубовна врска.

Лав
Слободно дозволете си да ја покажете сензуалната страна на вашиот карактер и пробајте да ја почувствувате љубовта. Можеби е време на некој да му дозволите да го зароби вашето срце. Но, не ја пропуштајте неделата и да заминете на некоја забава, бидејќи ќе ви годи комуникацијата со пријателите и семејството. Убавите моменти треба да се искористат максимално.

Девица
По периодот на затегната комуникација, можеби е крајно време да сфатите дека некаде сте згрешиле и дека е време да ја согледате ситуацијата реално. Прифатете ја изразената сензибилност и отворете се во однос на емоциите. Доколку слободно покажете колку врската ви е важна, ќе успеете односот да го вратите во нормален колосек.

Терезија
Шансите за запознавање на некоја нова личност во вашиот живот, ќе значи и нов почеток што ви го ветуваат планетите. Но, тоа не значи дека и останатите преставници нема да имаат успех и да направат нешто ново. Дајте го својот максимум и не се штедете во однос на времето и енергијата.

Скорпија
Многу ги идеализиравте работите во изминатиов период, па сметате дека темпото на позитивната енергија ќе ве држи уште долго. Напротив сега е време да се разбудите и да сфатите дека ништо нема да се случува доколку самите не ги направите условите за тоа.

Стрелец
Денес ќе бидете срамежливи и повлечени во себе, особено во комуникацијата со соработниците. Обидете се да бидете малку повеќе флексибилни и ќе видите дека околината ќе ве гледа со поинакви очи. На емотивен план ве очекуваат убави случувања со партнерот, но внимавајте да не претерате со испрашувањата и љубомората.

Јарец
Нежните разговори кои ви претстојат ќе влијаат извонредно на вашата сурова природа, па така арогантноста и сарказмот ќе дојдат во втор план. Љубовта доаѓа кога најмалку ја очекувате, па затоа мислете на други нешта и можеби наскоро ќе се изненадите. Вие направете го само она што се бара од вас.

Водолија
Ќе почувствувате потреба за блискост со одредена личност, што сериозно ќе ве замисли што, всушност, чувствувате за истата. Бидете доволно промислени и ќе успеете да најдете емотивна инспирација, која ќе ви помогне да го подобрите односот со партнерот. Вие сте познати како големи љубовници, па во моментов срцето ви е резервирано само за една личност.

Риби
Доброто расположение ќе ви годи, бидејќи на површина ќе испливаат емоциите на кои сте многу горди. Посветете повеќе внимание на партнерот кој постојано се труди да ви угоди, но внимавајте затоа што и неговото трпение е пред крај. Лесно се губат нештата, но многу тешко се враќаат во игра.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *