Top

Хороскоп за 16.08.2012 (четврток)

Овен
Со својот оптимизам и идеализам тргате во акција. Очекувате многу од извесна ситуација. Пред се очекувате промена во секојдневниот живот, здодеано ви е тоа што работите се одвиваат бавно и монотоно. Мислите дека заслужувате повеќе.

Бик
Успешна тимска соработка, склад со себеси па и со другите-се на се пријатен и плоден ден. Ве прати среќа во љубовта, не оптеретувајте се со небитни работи, потрудете се да се опуштите и уживате. Се наоѓате пред важни животни промени и одлуки.

Близнаци
Остваривте финансиска добивка, пожелно е да запрете. Премногу сте насочени на материјалната страна па заборавивте на духовната компонента. Не е пожелно во ништо да претерувате, треба да најдете златна средина.

Рак
Голем дел од припадниците на знакот ќе бидат во состојба многу да зборуваат, а малку да работат. Кога е веќе така потрудете се да бидете објективни, не преценувајте се себеси. Потрудете се да добиете конкретна одлука. Од вас се очекува да преземете нешто конкретно.

Лав
Пред вас е исклучително успешен професионален ден. Доколку не ја искористите приликата, не очајувајте, размислете зошто тоа ви се случува. Незадоволни сте со развојот на емотивната ситуација. Мислите дека не добивате доволно внимание од партнерот, нo грешите.

Девица
Ќе бидете во ситуација поради нешто и некого да се колебате. Треба да се определите за една варијанта, ако сакате во потполност да успеете, а тоа е невозможно. Тешете се , што и да одлучите нема што да изгубите.

Терезија
Периодот пред вас е поволен за работа, а уште повеќе за љубов. Вредно работите и избегнувајте расправии ако сакате да успеете. Ќе бидете задоволни со постигнатите резултати а можеби во меѓувреме и партнерот ќе се опамети.

Скорпија
Имате многу обврски, така што немате време да се занимавате со небитни работи. Обврските не можат да чекаат , но затоа партнерот може. Колку повеќе вложите енергија, толку повеќе резултати ќе постигнете. Ни оддалеку не сте задоволни.

Стрелец
Се наоѓате во фаза на правење планови кои се премногу убави за да бидат реални. Не занесувајте се, потрудете се незадоволството од моменталната состојба да го поправите на вистински начин. Не заморувајте се премногу и мирно почекајте ги своите пет минути.

Јарец
Денот е создаден за љубов, знаете да сакате и отворено да ги покажете чувствата. Бикот е личност на која можете во потполност да се потпрете. Инспирирани сте со многу работи, ова е вистински момент за уметнички развој. Бидете креативни и уживајте во среќата.

Водолија
Разменувате идеи со личности од женскиот пол. Ви се укажува одлична прилика за патување, но вас едноставно ве интересира да профитирате. Ќе успеете, не грижете се и покрај тоа што инвестиравте во погрешни луѓе и работи.

Риби
Очигледни се киксеви на емотивен план и тоа поради погрешна проценка. Ова е одличен период за занимавање со уметност. Доколку нешто на материјален план ви создава маки, насочете се кон духовните вредности ако сакате да бидете задоволни.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *