Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 16.05.2011 (понеделник)

Овен
Не сте во состојба да ја контролирате ситуацијата во онаа мера во која сакате. Мора да вложите многу сила за да ја постигнете целта, но бидете сигурни дека трудот ќе се исплати. Кога ќе размислите подобро, може да почекате и поповолен момент.

Бик
Благодарение на својот однос спрема работата, ќе успеете да извлечете максимум од моменталната ситуација. Ќе бидете подготвени да зборувате повеќе отколку што е потребно со цел да ги остварите плановите и замислите.

Близнаци
Направивте се’ што зависеше од вас и забележавте резултат. Имате можност за напредување. Моментално ве загрижува беспричинскиот песимистички пристап кон животот, размислувањата за разделба и оптоварување со туѓи грижи.

Рак
Искористете ја поволната можност максимално. Ѕвездите ви се наклонети. Забележавте дека ништо не паѓа од небо и дека за се’ што сакате да постигнете треба да ги засукате ракавите. Применете ги претходните искуства.

Лав
Осамувањето не е вистинско решение. Мирот мора да го најдете во дружењето со луѓе во кои имате доверба. Од нив ќе добиете совет, разбирање и поддршка. Ако почувствувате нагли изливи на гнев, обидете се да ги амортизирате. Пречувствителни сте.

Девица
Се грижите кога станува збор за партнерот и за децата. Ви се јавува желба да се осамите и намира да ги претресете проблемите што ги имате во комуникацијата со околината. Загрижени сте за тоталното разочарување во одредено лице.

Терезија
Мачната состојба што ве притиска ќе потрае уште неколку дена. Сепак, станува збор за конструктивна ситуација, која ве тера да размислувате за тоа што треба да преземете за да го подобрите квалитетот на сопствениот живот и да бидете позадоволни. За некои тоа е потомство, а за други љубов.

Скорпија
Се раководите носени од чувствата и расположението, а тие се променливи. Причината за незадоволството лежи во потиснатите емотивни желби и потребата за независност. Ве нервираат сите што се однесуваат поинаку.

Стрелец
Вашата интензивна фантазија мора да се обидете практично да ја реализирате. Бидете креативни и работете нешто конкретно. Тоа е многу подобро отколку да водите празни разговори од кои немате корист. Бидете објективни и природни.

Јарец
Идеалистички и перфекционистички ги согледувате работите околу себе. Нормално е што се нервирате, зашто сфаќате дека реалноста изгледа сосема поинаку. Препорачливо е да се дружите со припадници на вашиот знак, зашто само тие можат најдобро да ве разберат.

Водолија
Емотивно сте незадоволни, зашто имате извесни ограничувања. Ви претстои многу работа која бара спор и методичен пристап. До резултатот нема да дојдете лесно. Бидејќи не се чувствувате најдобро, бидете мудри и насочете ги главните размислувања на здравјето.

Риби
Малку се олабавивте, па ненадејните настани ви помагаат да излезете од летаргијата. Ќе се нервирате мислејќи дека сите ви мислат лошо. Мора да го смените ставот. Што е толку таинствено кај вас, па мора да се крие? Кога подобро ќе размислите – ништо страшно.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *