ОВЕН
Незадоволството станува минато за вас. Сега одите во друга крајност: егзалтирани сте зашто ги остварувате своите цели. Главната причина за бранот на инспирација лежи во космичките сили кои ви нудат шанси да уживате. Имате неверојатен партнер што ќе направи се за вас!
БИК
Работата е на прво место, а заедно со неа одат и нервозите. Нормално е да сте ранливи во однос на она за кое се грижите. Доколку се покаже дека попусто сте се труделе, ќе се нервирате дополнително. На многумина од вас ќе им се отворат можности за патување.
БЛИЗНАЦИ
Доколку ги прецените сопствените можности и работите повеќе отколку што можете да издржите, ќе се соочите со нервоза по принципот: таму каде што е тенко се кине. Ќе имате успех во преговорите зашто дејствувате убедливо врз соработниците.
РАК
Бидејќи ви се смачи од с?, мора нешто конкретно да преземете. Не можете да продолжите и понатаму во неизвесност. Младите Ракови ќе се посветат на решавање на емотивната збрка, оние во средните години ќе се занимаваат со работата, а повозрасните ќе се свртат кон здравјето.
ЛАВ
Иако сте пречувствителни, мора да функционирате зашто условите во кои се наоѓате не дозволуваат олабавување. Ќе бидете галантни без оглед дали станува збор за саканата личност или за деловниот соработник. Многу Лавови ќе најдат утеха во истомислениците.
ДЕВИЦА
Ќе добиете јавно признание. Иако не работа за слава, туку од љубов, ќе ви годи сознанието дека другите го ценат вашиот труд. Мора да поведете поголема сметка за здравјето и да не претерувате со работата. Нервниот систем е на удар.
ТЕРЕЗИЈА
Креативно сте расположени за убави работи. Уживате во секој момент, посебно ако околу вас ги имате вистинските личности. Бидете повнимателни кога станува збор за здравјето, а за другите работи не грижете се – држите с? под контрола.
СКОРПИЈА
Исклучително добро функционирате на полето на работата. Ех, кога би биле толку успешни и кога станува збор за други работи во вашиот живот, би било супер. Моментално само работата ја држите под контрола. Зошто го измачувате партнерот со својот тежок карактер?
СТРЕЛЕЦ
Се е во знак на контактите со странство и мечтаењето за далечни краишта. Ќе остварите материјална корист и на моменти ќе заборавите на незадоволството што ве потресуваше овие денови. Дружете се со ведри лица. Искористете еден предлог.
ЈАРЕЦ
Или ќе се приспособите или ќе се откажете – нема трета варијанта. Бидејќи размислувате за крајниот исход, обидете се да ги исфрлите емоциите од игра. Треба да го правите она што ќе ви донесе напредок. До целта не се доаѓа лесно. Смирете се.
ВОДОЛИЈА
Некои Водолии ќе пишуваат песни и ќе создаваат ремек-дела, а некои ќе страдаат и ќе се нервираат. Причината за стравовите лежи во нерасчистените емоции. Мора да бидете на чисто кога е партнерот во прашање. Изборот, сепак, е ваш.
РИБИ
Што се случува со вас? Зошто сте толку нервозни? Знаете дека не треба да се нервирате и дека треба да си ги чувате нервите. Излезете на прошетка покрај вода – тоа ќе ве олабави и ќе ве смири. И не заборавајте дека треба да се дружите со ведри лица.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!