Top

Хороскоп за 15.12.2011 (четврток)

Овен
Ќе бидете растргнати меѓу она што го посакувате и она што ви го налага разумот. Работните обврски ќе влијаат и на вашето однесување кон саканото лице. Некој пријател ќе ви соопшти вест што ќе ви помогне подобро да сфатите некои ситуации. Чувајте ги нервите.

Бик
Важно е да не запоставите некои лица што ги сакате. Децата и пријателите ќе очекуваат повеќе време да минувате со нив. Ако се занимавате со спорт, чувајте се од повреди, особено на рацете и нозете. Во љубовта немојте да си играте со оган. Партнерот се’ гледа. Кажете им „не“ на пороците.

Близнаци
Пред вас е период полн со возбудувања и новитети. Бидете покреативни и ќе успеете во се’ што сте започнале. Здравствената состојба ви е стабилна, но потребен ви е одмор. Партнерот сака да му посветите повеќе внимание, но вие воопшто не сте заинтересирани.

Рак
Напорно работите и очекувате напредок. Имате одлична соработка со соработниците, а тоа ве прави среќни. Поминувајте повеќе време со семејството ако сакате да најдете внатрешен мир и задоволство. Конечно ги оставивте пороците и се чувствувате како нови.

Лав
Време е да се позанимавате со состојбата на тековната сметка. Можеби ситуацијата ќе биде обесхрабрувачка, но не губете ја надежта. Помошта или решението ќе дојдат сосема неочекувано. Разговорот со љубовна тематика сосема ќе ве збунат. Не поигрувајте си со туѓото трпение.

Девица
Нема да жалите ниту време ниту пари за да го остварите она што веќе подолго го планирате. Позитивен поттик ќе примите од пријателите. Едно лице со своите совети ќе ве извади од лавиринтот на недоумици и заплеткани односи. Пронајдете сродна душа.

Терезија
Важно е да не запоставите некои лица што ги сакате. Децата и пријателите ќе очекуваат повеќе време да минувате со нив. Ако се занимавате со спорт, чувајте се од повреди, особено на рацете и нозете. Во љубовта немојте да си играте со оган. Партнерот с? гледа. Кажете им “не“ на пороците.

Скорпија
Воздржете се од љубовната акција. Би можеле погрешно да ги процените околностите. Работата ќе ве ослободи од напнатоста и негативната енергија. Не влегувајте во илегални активности. Ослободете се од напнатоста и нервозата. Вложете во образованието.

Стрелец
Со кокетното однесување, од ден во ден ќе создавате нови прилики, но ништо нема да дотуркате до крај. Поработете на концентрацијата и водете сметка за временските рокови. Внимавајте на желудникот. Не избегнувајте ги обврските.

Јарец
Ќе блескате од задоволство. Вашата љубовна приказна ќе напредува од ден во ден. Со личната харизма и шармот ќе ги освојувате своите соговорници, партнери и шефови. Подложете се на масажа на грбот. Избегнувајте неморални понуди.

Водолија
Ќе бидете забавни, духовити и дружељубиви. Ќе заведувате личност од која подоцна ќе се криете. Ќе ве инспирира еден разговор. Можна е добивка од хонорарна работа. Внимавајте на прстите и ноктите. Подобро слушајте што зборуваат другите.

Риби
Мислите дека знаете што сакате? Вашите дела и изјави оставаат сосема друг впечаток. Ќе ви се зголемат обврските кон другите. Нешто мора да направите и против својата волја. Можна е несоница. Внимавајте што ќе јадете денеска. Не озборувајте ги блиските.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *