Овен
Бидејќи овој период ви беше исполнет со многу проблеми, пожелно е да ја ублажите нервозата и да гледате пооптимистички на работите. Чувајте се од некои повреди, не само во сообраќајот, туку и во домот со ракувањето на електрични апарати. Бидете повнимателни.
Бик
Вашите емоции се на преден план. Чувствувате дека ако ги изразите слободно, можат да бидат злоупотребени. Свртете се спрема уметноста. Читањето или пишувањето ќе ви помогне да ги заборавите финансиските проблеми. Шетајте се и уживајте во природа.
Близнаци
Влеговте во период кога од вас се бара она што го имате во изобилство, а тоа е силата. Менувајте ги животните услови, но бидете трпеливи во тоа. Размислувате за нова врска или, можеби, за брак? Размислете добро пред да преземете што било што може да се одрази врз иднината.
Рак
Уживајте во секој момент. Некои припадници на овој знак ќе заработат пари, но некои не. Убаво се чувствувате, па задржете го ова чувство повеќе. Не размислувајте за проблемите, тие ќе се појават навреме.
Лав
Партнерот почна да ве загрижува и да ги загрозува вашите односи. Сакате да му помогнете, но тој го избегнува тоа. Него најмногу ќе му одговара да му излезете во пресрет. Бидете добронамерни и упорни во својата намера да помогнете.
Девица
Се наоѓате во фаза на експанзија на сите полиња. Негативната страна е склоноста кон дебелеење. Емотивните проблеми се последица на вашите чудни стравувања и потреби. Партнерот смета дека во врската сте премногу агресивни, па размислете околу тоа.
Терезија
Бидејќи малку ви опадна енергијата, можен е застој во работата. Пасивни сте повеќе од кога и да е. За среќа, тоа не ве вознемирува многу, бидејќи се свртевте спрема нова љубов. Некои Терезии се наоѓаат во тајна врска или, пак, фантазираат за неа.
Скорпија
Се наоѓате во период на стагнација. Во што е проблемот? Можеби станува збор за некаков здравствен проблем или нешто слично. Стрпете се барем до крајот на месецот, затоа што не оди се така како што планирате. Појдете на систематски преглед.
Стрелец
Можеби сте оптимист без причина. Но, сепак, тоа не е лошо. Бидејќи ви недостига толеранција кога е во прашање партнерот, лесно можете да дојдете до вербални расправии. Се однесувате како да сте центарот на вниманието, коригирајте се.
Јарец
Успешни сте, среќни и задоволни. Кој успеа толку да ве исполни со оптимизам? Нова љубов или ново хоби? Најважното е дека се релаксиравте и се наполнивте со енергија. Парите дополнително ќе ви го подобрат расположението. Уживајте.
Водолија
Ситуацијата бара максимум трпение, а вие, за жал, го немате. Затоа ве очекуваат недоразбирања не само со околината туку и со сами себе. Поразот тешко го поднесувате. Свртете се спрема партнерот, тој може да го подобри вашето расположение.
Риби
Упорно си терате по свое. Кога подобро ќе размислите, ќе сфатите дека грешите. Ќе се најдете во друштво што нема да ги цени вашите проекти, па дополнително ќе бидете раздразливи. Посветете им внимание на лицата што ве ценат и ве сакаат.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!