ОВЕН
Ви недостига самодоверба и тоа токму во оние моменти кога ви е најпотребна. Вознемирени сте, имате многу работи за решавање. Се надевавте на нечија помош, но не само што не ја добивте, туку ви возвратија со контрауслуга. За жал, станува збор за т.н. пријател.
БИК
Можни се проблеми на полето на работата и тоа поради претераниот критицизам. Бидејќи сте темелни, ви пречи туѓата површност. Кога ќе размислите подобро, ќе сфатите дека попусто сте се нервирале. Многу Бикови ќе почнат да размислуваат за промена на работата.
БЛИЗНАЦИ
Ако ви се укаже можност некаде да отпатувате, можни се ситни непријатности. Доколку станува збор за странство, чувајте ги парите и патните исправи, зашто лесно може да станете жртва на кражба. Најдобро е да го одложите патувањето неколку дена.
РАК
Кај повеќето Ракови се можни здравствени проблеми. Психата ви е загрозена, но може да се јават и други проблеми. Стрпете се ден-два пред да одите на лекар. Сведете ги активностите на разумна мера. Причините за лошата состојба се од субјективна природа.
ЛАВ
Вашиот емотивен живот веќе подолго време е во извесна криза. Многу Лавови денеска ќе се одлучат за најболната варијанта, а многу ќе ги разрешат заостанатите проблеми и ќе ја зацврстат врската. Немате време за губење. Прашањето е зошто толку долго трпевте некој што е ваша целосна спротивност?
ДЕВИЦА
Работа и здравје – се’ ќе се врти околу овие две работи. Стравувате како ќе се разрешат работите, но со оглед на тоа дека сте внимателни и ги преземате сите мерки на претпазливост – може да бидете спокојни. Пред вас е наоѓање нов извор на приходи.
ТЕРЕЗИЈА
Имате страв од нова љубов. Како и да е, не дозволувајте настаните да ве дочекаат неподготвени. Наоружајте се со толеранција и трпение, зашто само на тој начин ќе успеете успешно да функционирате. Во спротивно, нервозата ќе биде неминовна последица.
СКОРПИЈА
Денешните планетарни аспекти ви носат нови случувања на полето на домот и семејството. Иако на прв поглед ветуваат многу, колку ќе ги искористите успешно – зависи исклучиво од вас. Смирено излезете им во пресрет. Се’ е добро штом добро ќе се заврши.
СТРЕЛЕЦ
Ви се советува претпазливост во сообраќајот и останатите видови комуникација. Држете го јазикот за заби, зашто една непромислена реченица може скапо да ве чини. Нека не ве изненадуваат недоразбирањата со роднините. Тие се тука само кога нешто им треба, а вие ги толерирате се’ додека не ви пукне филмот!
ЈАРЕЦ
Повеќето припадници на овој рационален знак немаат проблеми од финансиска природа, зашто најчесто немаат ни пари. Останатите ќе бидат во паника и тоа поради нешто во кое полагаа голема надеж, а не успеаја да го реализираат. Не вреди да се грижите. Парите ќе дојдат!
ВОДОЛИЈА
Сите се насочени кон вас. Се соочувате и со љубовни проблеми, а тоа е исклучиво поради вас. Погрешниот избор не ветува успешна врска или брак. Мора да седнете и трезвено да размислите за сите работи. Потребни се коренити промени во вашиот живот.
РИБИ
На Рибите кои работат во установи од затворен тип или се свртени кон некои спиритуални теми нема да им биде лошо. Останатите ќе имаат психосоматски проблеми, зашто не се подготвени да го сменат своето однесување. Ситуацијата го бара токму тоа од вас. Мора да почнете да учите од сопствените грешки.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!