Овен
Конечно успеавте да најдете време за пријатни нешта. Работата денеска ќе ви биде во втор план. Ќе ја обновите својата гардероба само за да го освоите саканото лице. Успехот е неминовен. Ќе бидете пресреќни до крајот на денот.
Бик
Можни се некои опасности, непожелни ситуации, па затоа ви се советува претпазливост. Ако се држите до овие правила, односно ако се изолирате повеќе, ќе ги избегнете непријатностите. Можете да се занимавате со пишување љубовни романи.
Близнаци
Полни сте со сила и желба да се борите со многуте проблеми. Одморете се и реално проценете ги своите можности. Само така можете да ги пребродите кризите. Кога најмалку се надевате, ќе ви биде понудено некое патување кое пријатно ќе ве изненади.
Рак
Ви претстојат тешкотии без разлика дали станува збор за работата или за здравјето. Бидете физички активни, бидејќи можни се проблеми на здравствен план. Свесно се жртвувате за некого. Подгответе се за средба со пријатни лица, бидејќи тие постојано ве мислат.
Лав
Се што ќе посакате мора да го направите со сопствени сили. Имате чувство дека баш ништо не ви паѓа од небо. Обидете се малку да се изолирате од околината. Само со мудри потези ќе ги решите проблемите. Бидете истрајни.
Девица
Оптимистички гледате на проблемите, па затоа ќе ги решите за релативно кратко време. Ако имате некоја можност да разрешите некој фамилијарен проблем, сега е вистинско време. Не запоставувајте го партнерот.
Терезија
Имате потреба другите да ве фалат и да ви посветуваат внимание. Тоа сите го сакаат, но кај вас тоа е изразено во голема мера. Свртете се кон работата, тоа е повеќе од потребно. Партнерот не само што сака да помогне туку и може да помогне.
Скорпија
Бидете внимателни, бидејќи некогаш умеете да бидете многу незгодни. Стрпете се во желбите за докажување на вашите квалитети. Овновите и Водолиите не ви се многу наклонети. Некоја вест за патување пријатно ќе ве изненади.
Стрелец
Позитивно сте ангажирани и вредни. Работата е одлична компензација за емотивното незадоволство. Корист ќе имате само ако се потпрете на сопствените можности. Јарецот е вистинско решение за вас во овој период.
Јарец
Пријатно се чувствувате под услов да се свртите кон оние работи што ви причинуваат задоволство. Партнерот ве разбира и ве сака и тоа отворено го признава. Во фаза сте на создавање некои нови проекти. Земете време онолку колку што ви треба.
Водолија
На прв поглед се убаво функционира, но кога подлабоко ќе навлезете во проблемот, станувате нервозни. Се ќе се одвива прилично бавно, но, сепак, времето работи за вас. Подгответе се наскоро за возбудливи доживувања.
Риби
Среќни сте. Кој е заслужен за насмевката на вашето лице? Денес е вистинскиот момент да станете популарни и заљубени, па затоа само уживајте. Ве очекува финансиска добивка, подгответе се. Пред вас е убав период.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!