Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 14.04.2011 (четврток)

Овен
Доколку и натаму брзате кога станува збор за работата, лесно може да го исцрпите организмот, па дури и да му наштетите на здравјето. Непријатности ви се закануваат од многу страни. Може да се случат проблеми со законот кои, пред се’, финансиски ќе ве оштетат. Бидете повнимателни.

Бик
Пред вас се наоѓа проблем кој тешко ќе успеете да го решите. Меѓутоа, секогаш постои добар начин или тактика што може да биде корисна при донесување на конечното решение. Бидејќи мотивацијата ви е изразена, одлуката за радикални проблеми и за постигнување на целта ќе ви појдат од рака. Само треба да покажете голема трпеливост.

Близнаци
Средувањето на односите со околината и решавањето на емотивниот проблем ќе бидат основните работи што ќе ви го одбележат денот. Конечно ќе се одлучите да направите еден чекор повеќе од предвиденото и со тоа да го забрзате процесот на решавање на она што ви создава мака во изминатиов период.

Рак
Домот и семејството ќе бидат главните двигатели на денот. Не е исклучена понуда и за некоја работа која сериозно ќе ве замисли, бидејќи ќе станува збор за подобрување на финансиската ситуација. Бидејќи секогаш сте внимателни, не би сакале да влегувате во непотребен ризик.

Лав
Моментално се’ ви поаѓа од рака, и љубовта и парите. Внимавајте на варирањето со тежината и обидете се да внесувате повеќе здрава храна. Незаборавните моменти ќе го одбележат денот и ќе влијаат да се чувствувате одлично во друштво на саканото лице.

Девица
Доколку продолжите да функционирате со иста динамика, прво на удар ќе биде вашето здравје кое моментно е многу чувствително. Обидете се на секој начин да го санирате овој проблем. Најлесен начин да работите на себе е да го пронајдете духовниот мир и да постигнете внатрешна рамнотежа.

Терезија
Многу од припадниците на овој знак ќе се соочат со проблеми за кои нема да можат да го изнајдат соодветното решение. Бидејќи природата ве создала како големи оптимисти, а околината ве сака, нема да ви биде проблем да успеете да најдете соодветно решение. Сетете се дека секогаш во животот се случуваат негативни и позитивни осцилации.

Скорпија
Искористете ја понудата што ја имате моментно, бидејќи ретко кога имате право да се чувствувате привилегирано. Направете селекција на луѓето и на нештата што ви се допаѓаат, како и на оние од кои чувствувате негативна енергија. Работите се одвиваат онака како што најмногу ви одговара.

Стрелец
Навлегувате во период кога очекувате многу повеќе отколку што можете реално да барате. Морате да се симнете од облаците и да сфатите дека понекогаш можеби се преценувате и барате многу повеќе од тоа што можете да понудите. Наклонетоста кон инфекции е изразена, затоа работете на зајакнување на имунитетот.

Јарец
Сознанието дека некој ве измамил се’ уште остава болни траги за вас. Се’ уште не можете да ја прифатите ситуацијата, но соочувањето е најголемата доблест што ја поседувате. Меѓутоа, планетите ветуваат дека наскоро можете да очекувате позитивни промени и на расположението и на хармонијата со самите себе.

Водолија
Денес е изразена можноста од физички повреди, па затоа внимателно во сообраќајот. Морате да изнајдете начин и да ги спречите луѓето кои се обидуваат да ви наштетат. На работното место, како и обично, се снаоѓате одлично, но не обидувајте се секогаш да ја истерувате правдата на свој начин.

Риби
Конечно, некој од вашите проекти ќе добие материјална потврда или награда. Ви годи сознанието дека правилно си ја вршите и пофалбите кои стигнуваат на ваша сметка. Долгорочните планови на кои сте фокусирани бараат и добра материјална потпора. Доколку чувствувате мал замор, проверете ја крвната слика.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *