Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП -14.01.2011 (петок)

Овен
Состојбата е непроменлива. Сепак, не ве загрижува, бидејќи се одлучивте да чекате. За големо чудо, се обидувате да преговарате со партнерот и не оптоварувајте го со својата љубомора и посесивност.

Бик
Благите бранови на нервоза се само реакција на вашиот замор. Тоа успешно ќе го совладате и ќе се свртите кон оние работи што ја зголемуваат вашата креативност. Љубовта е нешто што се подразбира.

Близнаци
Конечно, почнавте да размислувате во вистинската насока. Благодарение на организаторските способности, вистинските постапки и промислените акции – ќе бидете успешни.

Рак
Раковите денес се препуштаат на љубовен занес. Среќно тргнуваат во пресрет на доживувањата што ги очекуваат. Оние помалку среќни припадници на овој знак се грижат за брачниот партнер.

Лав
Ќе донесете некоја среќна одлука. Бидејќи силата на создавање е нагласена, и вие на неа фокусирани, ситуацијата ветува многу успешни потези. Сите атрибути поврзани со вашиот знак денес се во игра.

Девица
Во добро расположение сте фокусирани на она што ви предизвикува задоволство. Сигурно читате некоја книга или се занимавате со некоја креативна работа. И љубовта цвета. Се’ на се’, одличен ден.

Терезија
Уживате во моментите на среќа и пријатните доживувања. Ја делите радоста со пријателите. Фантастично се чувствувате, зрачите, бидејќи за таквата состојба имате конкретни причини.

Скорпија
Доколку сфативте што ви причинива незадоволство, нема да имате никакви проблеми. Послушајте го вашето тело, неговите тајни сигнали и обидете се максимално да му ги удоволите сите потреби.

Стрелец
Успехот и натаму ве следи. Ѕвездите ви се наклонети. Затоа сега засега не се оптоварувате со никакви сомнежи и стравувања. Оставете малку време и за одмор,бидејќи така се’ ќе функционира одлично.

Јарец
Обидете се да се занимавате само со оние работи што ви причинуваат задоволство. Сето останато, барем денес, заборавете го. Во контактите со средината се јавува напнатост, но не дозволувајте јавно да ја покажете.

Водолија
Полека работите стивнуваат. Почнувате нормално да функционирате. Иако агресивно сакате да им се наметнете на другите, тоа нема да ви појде од рака. Променете го однесувањето.

Риби
Комуникацијата ви годи. Задоволни сте, без разлика дали разговарате со пријателите, патувате или читате некоја интересна книга. Важно е да се биде активен и свесен за моментот во кој се наоѓате.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *